КАЈ НЕ ПОМАГААТ УШТЕ И СЕ СИТАТ: Петти ден агонија на поплавените!
Објавено во: Економија 11 Август, 2016 08:51
Глетката на терен сеуште е страотна, а поради високите температури се шири и непријатна миризба. Во невремето во Стајковци први на удар биле улиците кои се паралелни со автопатот. Подрумите, гаражите и првите спратови на куќите се целосно поплавени, оградите рушени, покуќнината и мебелот уништени. Дворовите се полни со кал и вода, па тешко може да се препознае дека некогаш биле урбано уредени катчиња. Освен по некоја расфрлана или искршена жардињера или саксија друго нема.
“Изјавите кои стигнуваат дека Стајковци доживеало поплава, слободно можам да кажам дека беше цунами. Се се случи во тие три часа, нема река или езеро во близина, обилни дождови имало и порано но вакво нешто не е запаметено. Непредвидливо, луѓето не знаеја како да реагираат, буквално доживеаа шок. Посебно овие три четири улици кои се паралелни со автопатот во должина од еден километар се први на удар и беа најпогодени. Срушени се сите огради, уништени се сите возила, подрумите и првиот спрат е поплавен и сто посто се уништени. Најголемиот товар е на семејствата и нивните роднини.Благодарни сме на сите кои доаѓаат да помогнат, но бавно течат работите”- вели Дејанчо Алексовски.
На терен се екипи на хуманитарни организации, јавни претпријатија, војска, хумани граѓани, активисти. Но координацијата според Алексовски е најголем проблем. Редоследот на помош вели треба да биде координиран за да се постигнат поголеми ефекти.
“Треба механизација која може да работи во блато за да се извади овој отпад. Има мали скипчиња и други багери се за сув терен, но мора да се извади отпадот, покуќнината, се е уништено. Многу е важно има затрупано птици животни, се чувствува реа, температурите се високи, постои опасност од зарази. Затоа велам тоа координатовно тело треба да делува активно, багерите доаѓаат сега овде, па за еден час во друга куќа, па потоа на следна. Така не се работи. Треба да се направи системски распоред инаку ништо не сме направиле”- објаснува Алексовски.
Жителите во најпогодените реони во скопско мака мачат со санирање на штетите и се борат да го вратат својот живот во нормала. Велат почнуваат нов живот, од нула. Ќе биде потребно многу време за повторно да ги адаптираат своите куќи во вистински дом за живеење, но велат нема време што ќе ги избрише трагите од стравот и сеќавањата на страотната поплава која за неколку часа ги смени нивните животи.
С.Б.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




