19 Декември, 2025
0.0540

Каја Калас: Ова е еден од најсилните пакети санкции на Европската Унија против Русија

Објавено во: Свет 18 Јули, 2025 09:29

Добивај вести на Viber

Европската Унија постигна договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, кој предвидува низа мерки насочени против руската нафтена и енергетска индустрија, објави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Таа напиша на Платформа X дека ЕУ штотуку одобрила еден од своите најсилни пакети санкции против Русија досега. Калас изјави дека целта на санкциите е запирањето на агресијата врз Украина да биде единствениот начин за Русија.

Минатиот месец, Европската комисија предложи 18-ти пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина во 2022 година, насочени кон приходите од енергија на Москва, банките и воената индустрија.


Предложениот пакет вклучуваше променливо ограничување на цената на руската нафта на 15 проценти под просечната пазарна цена на суровата нафта во претходните три месеци, изјавија претходно дипломати од ЕУ. Предлогот, исто така, забранува трансакции со руските гасоводи „Северен тек“, а забраната се однесува и на банките вклучени во заобиколување на санкциите.

Словачка досега неколку пати стави вето на пакетот, обидувајќи се да добие отстапки за посебен план за постепено укинување на руската нафта и гас, кој, за разлика од санкциите, не бара едногласна поддршка од земјите на ЕУ.

Сепак, премиерот на таа земја, Роберт Фицо, синоќа изјави дека Словачка денес ќе престане да го блокира усвојувањето на 18-от пакет санкции на Европската унија против Русија, бидејќи, како што изјави, тоа би било контрапродуктивно во моментов.

Малта претходно изрази резерви во врска со предложеното ограничување на цената на руската нафта, но владата на земјата, според европските дипломати, денес објави дека ќе ги поддржи новите санкции.

Фото: Притнскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација