Како Чавков купил вила на Халкидики?
Објавено во: Македонија 13 Март, 2019 10:00
Митко Чавков, поранешниот технички министер за внатрешни работи и директор на бирото за јавна безбедност, како македонски државјанин во изминатиот период нема право да купува имот и акции во странство, со што останува дилемата како го стекнал правото да купи вила на Халкидики.
Засега нема одговор од надлежните дали постои доказ дека тој поседува ваква недвижнина, иако Чавков во април 2018-та кога му беше укината мерката притвор понуди гаранција во имот од 600.000 евра.
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков вчера беше приведен и однесен е во Истражниот затвор во Шутка. Чавков е обвинет за настаните за 27. април во 2017 година во Собранието, а приведен е најверојатно поради опасност од бегство. Решението за притвор следело откако пријател кажал Чавков дека има вила на Халкидики. Судската одлука се очекува в петок.
Право да купуваат имот на свое име во страбнство македонските граѓани имаат од оваа година со стапувањето на сила на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Според тоа, единствен начин тој да ја има купено вилата е да поседува грчки пасош или да биде неформален сопственик а имото да гласи на друго име.Инаку, последен имот што го пријавил Чавков како државен функционер е во 2014-та. Пријавил стан со тераса и подрум во Струмица во вредност од 4 милиони денари. Пријавил гаража, плац, четири парцели земјоделско земјиште во Ново Село, шума и моторно возило BMW 116 D на име на дете во вредност од 500 илјади денари. Запишани се и хонорари од авторски права во вредност од околу 1,7 милиони денари.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




