Како чварките станаа луксуз?
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2022 10:43
Чварките во Југославија беа најевтиниот дел од свињата, а во продавници не се ни продаваа, туку се раздаа по семејни веселби и празници, пишува српската национална телевизија за недостижните цени по кој денеска се продава овој производ.
- Тогаш важеше правилото „сиромашните“ да јадат чварки и да користат свинска маст, додека маслото беше резервирано за оние со подобри приходи. Нема веќе Југославија, нема ни евтини чварки.
Оттогаш поминаа околу 30 години. Работите целосно се свртеа. Нема веќе Југославија, 29 ноември не е празник, луѓето се отуѓија и се помалку се дружат, а денес „сиромашните“ тешко можат да си дозволат чварки.
Тие станаа деликатес! Делукс стоки! Во продавниците може да се најдат во пакувања од 100, 200, 300 грама... Чинат и до 2.600 динари (1.350 денари) за килограм. Каде и да се продаваат, поскапи се од килограм бут. И тоа, до три пати!, пренесува РТС.
Некогаш тоа беше незамисливо, бидејќи речиси никој не купуваше чварки. Тие што ги имаа си ги делеа под рака. Аналогно на тоа, килограм свонска маст, која денеска се смета за „поздрава“, е двојно поскапа од литар зејтин.
Експертите имаат објаснување за оваа појава. Тие тврдат дека причина за тоа е се помалиот број на свињи, како и тоа што имаат се помалку маснотии... Сепак, се чини дека маркетингот и промоцијата си ја завршиле работата. Зашто, штом нешто се прогласи за здраво, побарувачката почнува да расте... Добрите менаџери знаат да го искористат и да заработат пари! А зошто да не, кога има и такви кои се спремни да платат неразумни суми, само затоа што се работи за престиж!
Чварките денес може да се купат со пари, но не и она што одеше со нив. Искреност, чувство за другите, пријателство, другарство, заедништво... Тоа е бесценето и сè повеќе ни недостасува! И токму тоа ги направи „сиромашните“ од почетокот на приказната побогати отколку што таа и кој било друг видоа во тоа време.
Којзнае, можеби за 30-тина години повторно ќе дојде ново време... А можеби, после вечерата и дружењето, крцкањето повторно ќе биде нашироко распространето низ соседството... Дотогаш, постарата и средната генерација ќе има само спомени од Националниот ден на земја која повеќе не постои и фактот дека стопените парчиња свинска маст порано им беа достапни на сите, а не привилегија на богатите!
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




