05 Декември, 2025
0.0540

Како да дознаете дали сте ја добиле работата преку говорот на телото

Објавено во: Стил 02 Октомври, 2013 09:27

Добивај вести на Viber

Кога одите на разговор за работа и кога ве интервјуираат, обрнете  внимание на говорот на телото на работодавецот, за да дознаете што мисли за вас. Доколку лицето кое ве интервјуира, почнува да ги имитира вашите движења, тоа значи дека тоа ве чувствува како „сродна душа‘‘ и бидете сигурни дека сте ја добиле работата. Ако работодавецот во текот на ракувањето ви ја поклопи раката - уверен e  дека е подобар од вас. Ако вашиот потенцијален работодавач кажува дека не е сигурен дека вие сте вистинското лице за работа, но често ја гледа вашата биографија - имате шанса да ја добиете работата. Ако испитувачот вели дека со вас може да разговара цел ден, а нозете му се  свртени кон вратата, бидете сигурни дека тој завршил со вас и сака да е на друго место. Кога ќе ви каже дека - оваа позиција е идеално место за унапредување - а треперењето на гласот се повеќе се зголемува –работодавецот ве лаже. И доколку сакате да дознаете дали работодавецот е сконцентритан во она што го зборувате, обрнете внимание на неговото тело.  Ако главата, рамената, колковите и нозете се свртени кон  вас, тој внимателно ве слуша. Кога на прашањето, кога ќе дознаете дали сте ја добиле работата одговорот е „хм –наскоро„ не очекувајте добри вести.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: