19 Декември, 2025
0.1449

Како да дознаете дали сте квалификувани за лотаријата за американска „ЗЕЛЕНА КАРТА“

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2015 12:22

Добивај вести на Viber

Најчестите прашања и потребни информации во врска со лотаријата за американска зелена карта, ги генерираше факултети.мк.

Дали сум квалификуван/а за зелена карта ако сум избран/а во лотаријата?

Избирањето на лотарија не гарантира дека кандидатот ќе добие зелена карта; кандидатите мораат да ги исполнат сите стандарди за да можат да бидат обработени нивните зелени карти во рамките на деденото време. Членовите на потесното семејство на успешните апликанти имаат право на зелена карта, доколку ги исполнат истите стандарди. Поединци кои се избрани и се квалификувани за една од 50.000 виза броеви може или да си обезбедат имигрантска виза во амбасада или конзулат или ако се во Америка, да го прилагодат нивнито статус преку поднесување пријави и документација во услугите за американско државјанство и имиграција.

Кои земји се квалификувани?

Лотаријата е распределена на странски државјнаи кои ги повикуваат сите шест географски региони: Африка, Азија, Европа, Северна Америка, Океанија и Јужна Америка, Централна Америка и Карибите. За да се квалификувате мора да ја потврдите вашата националност или државата во која сте родени во земја која е квалификувана и мора да имате одредено образование или работно искуство. Целта на програмата е да се прошири и поттикне имиграцијата од земјите кои испраќаат помал број на имигранти во Америка.

Исклучени земји

Не сите земји од шесте региони спаѓаат во рамките на програмата за лотарија за зелена карта. Исклучени земји се: Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Хаити, Индија, Јамајка, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипини, Јужна Кореја, Велика Британија (освен северна Ирска) и нејзините зависни територии и Виетнам. Листата на земји не е променета од минатата година.

Лицата родени во Хонг Конг, Макау и Тајван се квалификувани.

Како да знам дека сум избран/а во лотаријата?

Официјалните известувања за избор се прават преку Entrant Status check, достапен од 3 мај 2016 година, на самата страна на Стејт департментот за лотаријата.

Потребно е да знаете дека Стејт Департментот не испраќа никакво известување или писмо по редовна пошта или меил за избирањето. Секое известување кое ќе ви стигне во ваква форма треба да знаете дека е нелигитимно.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Фактор неодамна го објави стартот на лотаријата за ЗЕЛЕНА АМЕРИКАНСКА КАРТА. Аплицирањето и повеќе детали поврзани со него може да најдете тука.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии