04 Мај, 2024
0.0238

Како да ги мотивирате своите вработени за работа?

Објавено во: Стил 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Незадоволните вработени, без поттик, не се доволно продуктивни, а во тие случаи голема штета трпи работата. Како менаџерот може да влијае на нивната мотивација? Психологијата во работната средина има свои законитости, а една од нив вели дека мора да се занимавате со своите вработени. Имено, деловните резултати не се случуваат со самиот факт што некој е вработен и добива плата. Оној дополнителен влог кој ќе ја направи разликата и која најмногу ќе го привлече вниманието може да ја пружи само вработен кој е мотивиран. Мотивацијата сепак произлегува и од фактот дека шефот ја забележува нивната работа, вложеното време и добри резултати. Двојна корист Веројатно шефот е убеден дека ако има работа преку глава и вработените би требало да сфатат дека нема време за такви работи, бидејќи е оптоварен со многу други важни деловни прашања. Тоа најверојатно е точно, но подобро е шефот да ја познава работата на вработените, и проблемите со кои секојдневно се соочуваат, тогаш на шефот ќе му биде полесно да креира стратегија на развој на компанијата и дефинирање на деловните цели. Упатеноста во работата на вработениот, нивната одговорност или оптовареност, покажува што може шефот да реализира, а кога е време, навистина, да “застане на топката“ и да престане да гаите амбиции кои би можеле да донесат само финансиска штета. Пред се’, потребно е шефот да биде достапен за вработените. Доколку шефот на вработените не им покажува дека му значи нивната состојба и она што го работат, не може да очекува од нив да се грижат за работата или за било што друго освен редовна плата. Двојна комуникација Воопшто не е лошо шефот да одвои време и за забави. Работата е важна, но не е се’ само во работата. Вработените понекогаш мора да се опуштат, да го искористат времето за креативно размислување, а шефот во тоа може да им помогне така што ќе им покаже дека е опуштен. Понекогаш може да се случи дека може да се случат грешки. Охрабрувачки е доколку вработените признаат дека погрешиле бидејќи на тој начин се креира атмосферата во која луѓето се повеќе креативни и мотивирани. Еден успешен менаџер треба да има во предвид дека криењето грешки во страв од казни може да предизвика сериозна штета, доколку вработениот се плаши да признае дека погрешил, како ќе ја спречи потенцијалната катастрофа која му се заканува на бизнисот? Директорот е пример Доколку еден менаџер ги мотивира вработените, потребно е да следат некој добар пример. Вработените забележуваат колку нивниот шеф е навистина мотивиран и ако тоа не е случај, нивниот ентузијазам исто така ќе исчезне. Класичен пример: Не очекувајте вработените да доаѓаат на време или да остануваат да работат подоцна, доколку вашиот работен ден започнува во 11, а завршува во 14 часот. Не може да ги критикувате вработените поради непочитување на правилата кои вие како шеф ги кршите само затоа што сте на таа позиција. Авторитетот се заснова на кредибилитет, а тоа не се стекнува само со формално добивање и уживање во титулата.