Како да го намалите стресот?
Објавено во: Стил 30 Мај, 2014 18:33
Стресот на работното место може да има последици и на приватно поле, освен на професионално. Работејќи во правната област, Вие сте изложени на повеќе стрес од која било друга професија. За некои, единственото решение за овој проблем е игнорирање на истиот. Но, ова води до поголеми проблеми, како заборавање битни работи или послаба концентрација при работата.
Пробајте ги следниве чекори:
-Измасирајте си ја вилицата Поставете ги четирите прсти од рацете (без палците) на слепоочниците и една минута правете кружни движења. Потоа, поставете ги прстите на областа каде што се спојуваат горната и долната вилица и продолжете да се масирате со кружни движења уште една минута. -Вреснете на цел глас. Викањето и врескањето им дозволуваат на луѓето да ги искажат своите фрустрации. Експертите велат дека притоа во телото се создаваат ендорфини, кои го подобруваат расположението и делуваат како природен анестетик. -Истресете го стресот Постепено тресењето придвижувајте го нагоре кон лактите и рамената, вратот и главата. Тресењето нека премине во мали потскокнувања в место. Релаксирајте ги мускулите со скокови в место 2-3 минути. -Дишете на стомак Длабокото бавно вдишување и издишување е одличен „лек“ за стрес. Дишењето на стомак е особено релаксирачко, а можете да го практикувате буквално насекаде.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





