06 Декември, 2025
0.0294

Како да го отстраните целулитот дома

Објавено во: Стил 22 Мај, 2014 19:05

Добивај вести на Viber

Можете да ја разубавите и зацврстите кожата, ефикасно и со долготраен ефект. За ова Ви се потребни само овие 10 корисни и пред сè домашни рецепти за елиминирање на целулитот. 1. Цврста кожа со лесна и здрава храна

Лошата исхрана има огромен ефект врз состојбата на кожата, па затоа треба да избегнувате производи од бело брашно, слатки, засладени и газирани сокови. Исто така, треба да внесувате храна со колку што е можно помал процент на сол, бидејќи солта задржува вода во организмот. Јадете многу овошје, зеленчук и внесувајте витамини и минерали. 2. Течностите ја прават кожата среќна

За да имате затегната и убава кожа, мора да пиете доволно течности, затоа што тие помагаат при исфрлањето на токсините од телото. Најдобро е да пиете вода (по желба со додаден свеж лимонов сок) или незасладен чај. 3. Есенцијални масла против стрес

Есенцијалните масла го елиминираат стресот и Ве опуштаат, што се забележува и на кожата. Најпрепорачливо е да користите есенцијално масло од лаванда, поради смирувачкиот ефект, но и начинот на кој помага при елиминацијата на целулитот. 4. Пилинг за циркулација

Пилингот е особено корисен во лето, а згора на тоа, се работи и за одлична масажа. Ако ја забрзате циркулацијата во кожата, таа ќе стане помека. 5. Придобивки од вежбање

Вежбањето ја смирува и подмладува кожата. Преку потењето, телото ги излачува токсините, а исто така и ќе се чувствувате подобро. 6. Ефекти од туширање

Истуширајте се со млака вода, која ќе Ве подмлади и ќе ја забрза циркулациајта, што исто така е корисно во борбата против целулитот. 7. Спиењето во име на убавината не е мит

Добро наспијте се по исцрпувачкиот ден. Недостигот од сон и премореноста оставаат траги на кожата. Одморот е клучен за убавата кожа. 8. Користете ги правилните креми за потхранување

Кремите за потхранување на кожата треба да содржат колку што е можно повеќе антиоксиданси. Користете производи со витамини А, Ц и Е, цинк, овошни ензими, екстракт од семки од грозје, коензим Ку10, маслиново масло, зелен чај, бел чај итн. 9. Помогнете ѝ на кожата со редовна масажа

Редовните масажи се поважни од анти-целулитните креми и придонесуваат многу повеќе за поубав изглед на кожата. Најефективно е користењето млеко за тело и масирање на проблематичните делови од кожата. 10. Цврста кожа со помош од природата - Јадете лубеници затоа што тие помагаат во елиминирањето на вишокот вода од телото, а со тоа се намалува и целулитот. - Јадете јаболка и млечни производи, препорачливо обичен јогурт, бидејќи карнитинот во јогуртот и пектинот во јаболката го забрзуваат разградувањето на мастите. - Добар извор на пектин исто така се сливите и цитрусните овошја. Сокот од лимон го забрзува излачувањето на колаген, што на кожата ѝ дава цврстина и флексибилност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: