06 Декември, 2025
0.0410

Како да го подобрите здравјето за само 10 минути

Објавено во: Стил 21 Септември, 2014 21:07

Добивај вести на Viber

Еден од најчестите изговори кои ги користиме за недоволната грижа за здравјето е: “Немам доволно време”. Сепак тоа не е оправдување. Еве 10 едноставни чекори со кои ќе го подобрите здравјето, а ви треба за секој чекор помалку од 10 минути.

1 - Минута за насмевка

Шеесет секунди насмевка ви е потребна за да се ослободите од стресот и да ги опуштите своите мускули. Ако тоа го правите редовно, ќе го стабилизирате нивото на шеќерот во крвта.

2  - Минути за благодарност

Кажете благодарам. Благодарноста го штити срцето, покажува една студија од 1995 год. Покрај тоа го зајакнува имунитетот и носи подобар сон.

 3 - Минути за јајце

 Јајцето е богато со витамин Б кој е важен за функционалноста на мозокот, а може да ги спречи и проблемите со срцето.

 4 - Минути за дишење

Секогаш и сегде можете да одвоите неколку минути за да дишете длабоко. Вдишете, избројте до 3 па издишете.

5 - Минути за вежби

 За 5 минути можете да направите 25 скока во вис, 20 стомачни, 15 чучнувања, 10 склекови или 10 чучнувања со скокови.

 6 - Минути за скали

Кога одите по скали, ги отстранувате негативните ефекти од седењето, а годишно можете да изгубите и до 2 килограми.

 7 - минути за етикета

Издвојте малку време и прочитајте  колку калории, масти, шеќер, содржат намирниците. Направете го тоа пред да ги ставите во корпа.

8 - минути за лекар

Сите имаме обврски, ама не постои изговор за да не издвоите време и да отидете на лекарски преглед. Немојте после да се каете ако тоа не сте го направиле.

9 - минути за ручек

 Ако немате припремен оброк, лесно ќе посегнете по нездрава храна. Затоа сами на време спремете здрав ручек.

10 - минути за релаксација

Не е срамота малку да се опуштите во текот на денот замајќи ги предвид сите предности на одморот. Ќе се чувствувате подобро, а и ќе го подобрите своето памтење, креативност и продуктивност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: