Добивај вести на Viber
Од лабораториите на германскиот бренд за медицинска козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигнува иновација во полето на борбата против стареењето на кожата - Eucerin Volume-Filler колекцијата за нега на лицето.
На свечената промоција на новата колекција во скопскиот хотел Стоун Бриџ, се одржа едукативно предавање на тема стареење на кожата, превентивата и нашиот одговор на тој процес, како и новите тенденции во грижата за возрасна кожа.
Пред поголем број на фармацевти, доктори дерматолози и претставници од медиумите, предавањата ги одржа д-р Соња Петрушеска специјалист - дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин.
- Со текот на времето, под влијание на различни надворешни и внатрешни фактори, кожата ја губи својата еластичност и волумен, па со самото тоа и контурите на лицето стануваат помалку видливи. Видливи знаци на стареењето се брчките, но друг важен аспект во целиот процес на старењето на кожата е и загубата на волуменот на кожата.Опуштени веѓи, бледи образи, поместување на усните надолу, помалку изразени контури на лицето се само некои од знаците за загуба на волуменот, а искуствата покажуваат дека ниеден третман против овој дерматолошки проблем не даде задоволителни резултати. Водејќи се од потребите на современите потрошувачи, по обемни шестгодишни истражувања и 22 студии, тимот експерти од Еуцерин ја создадоа Eucerin Volume-Filler колекцијата - напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареењето на кожата – изјави д-р Соња Петрушеска.
Eucerin Volume-Filler содржи три состојки кои делуваат ефикасно против факторите кои причинуваат кожата да ја губи својата еластичност, форма и волумен. Делува на сите слоеви на кожата, регенерира, правејќи ја кожата мека и еластична. Високо ефикасната состојка Магнолол го зголемува волуменот на кожата, хијалуронската киселина ефикасно ги полни брчките одвнатре кон надвор, додека олигопептидите ја стимулираат синтезата на колаген. Содржи и СПФ 15 заштитен фактор и УВА филтер кој штити од штетните сончеви зраци.
Производите се без парабени и додатоци за боја, со напреден заштитен систем што ги прави едноставни за користење и истовремено особено ефикасни. Клиничките тестирања докажаа дека кожата одлично ги поднесува. Новата линија се состои од дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа и крем за околу очите, обезбедувајќи и на кожата потполна нега и заштита во текот на целиот ден.
Следеше конструктивна дискусија, во која зедоа учество дел од присутните, кои најмногу се интересираа за тоа од која година и со каква крема треба да се почне со нега на кожата, со каква декоративна козметика да се комбинира Еуцерин колекцијата и други прашања за што и беа советувани и информирани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: