Како да ја икористите мушмулата во студеното време кое доаѓа?
Објавено во: Стил 22 Октомври, 2014 20:34
Мушмулите во текот на есента се најблаги и највкусни, но на малку кој му паѓа на памет да се почести со нив. Иако не се толку популарни, оние кои ја знаат незината вредност и кои го сакаат сочното овошје добро знаат колку мушмулите се добри за организмот и здравјето.
На римјаните мушмулата им било омилено овошје, па ја одгледувале во војничките табори.
Второто име за мушмулата е дива круша, а странските називи и се׃ англиски – Medlar, француски – Néflier d’Allemagne, германски – Mispel, Deutsche Mispel, Echte Mispel, словенски – navadna nešplja, талијански – nespolo volgare. Мушмулата потекнува од Азија, а од таму е пренесена во Европа околу 200 година пред Христос, почнува да се одгледува во Грција и Италија, а потоа и во целата Европа.
Лековито дејствување се состои во следниве неколку факти:
Мушмулата содржи витамин Ц, шеќери и пектини и се користи во лекувањето на скорбут, но мушмулата лековито делува и при некои здравствени тегоби׃
Доколку Ви крвават и Ви се воспалени десните, воведете во менито една рака мушмули дневно и проблемот за кратко време ќе го снема. Недозреаниот плод ја стега слузокожата па затоа е благотворна за запирање на крвавењето и отстранување на афтите и херпесот на усната. Во народната медицина мушмулата е позната како овошје кое влијае на подобрување на видот, но и како природно средство против анемија. Нутриционистите потврдуваат дека ја зајакнува крвната слика, ги чисти бубрезите и црниот дроб. Таа е вистинска мала ризница на влакна, од кои се издвојуваат пектините, ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол и маснотиите на ѕидовите на крвните садови, впивајќи ја како сунѓер. Помага кај тегобите во желудникот, опстипацијата, нередовната столица и кај проблемите со варењето.
Резултатите на големите истражувања покажале дека мушмулата е одлична превентива во војната против канцерогени и кардиоваскуларни заболувања. Поред тоа, добри се и против слабоста во грбот и колената, помагаат и кај вртоглавицата.
Излупете килограм мушмули, исечете ги на помали парчиња, прелејте ги со половина литар вода каде што претходно имате растопено килограм шеќер. Се добро измешајте и варете отприлика еден час на тивок оган. Малку оладете и турете во подготвените чисти тегли, па херметички затворете ги. Јадете ја порцијата од по еден децилитар повеќе пати на ден.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





