19 Мај, 2024
0.0268

Како да ја прилагодите вашата кожа на променливото време?

Објавено во: Стил 19 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Во текот на преодните периоди од годината, нашите тела претрпуваат низа промени кои се неопходни со цел поефикасно функционирање во ударните сезони на топло лето и студена зима. Како најголем орган во човековото тело, кожата е таа што прва реагира на климатско-атмосферските промени. Конкретно за периодот што ни претстои, можеме да забележиме дека кожата го зголемува својот волумен, се перутаат повеќе, се замастуваат  и сетоа тоа со цел да се овозможи поголема заштита од студот.

Освен припремите што самата кожа ги прави, ние самите можеме да преземеме чекори за негување и заштита што дополнително ќе го подобри нејзиниот здрав изглед и состав. Во суштина, најмногу внимание треба да се обрне на хидратантноста на кожата бидејќи токму од тука потекнува сјајот која што го има природно здравата кожа. Постојат стотици препарати кои се користат за надополнување на хидратантноста на кожата. Во принцип се препорачуваат помасни креми и лосиони со цел да овозможат физичка бариера и да не дозволат водата да испари од површината на кожата како резултат на промена на температура,ветар,екстремен студ и др.

Покрај хидратантноста, тука е редовниот пилинг кој треба да се прави со цел да се овозможи нормално дишење и аерација на кожата. Да не забораваме дека и кожата е орган на кој му е потребен кислород и нутритиенти! Пилингот освен тоа што овозможува физиолошки нормално одвивање на сите процеси во самата кожа, тој помага и при полесна апликација, нанесување и ресорпција на било кои креми и препарати. Ова само го надополнува ефектот на заштита со рехидратација со што е многу често препорачано. Пилинг во домашни услови се изведува со помош на крема за пилинг која во себе содржи пелети и сунгерче за лице на кое се нанесува кремата. Со кружни, поенергични движења се се чистат сите делови од лицето и потоа се измива со млака вода.

Последниот метод во одржувањето на здрава кожа во  овие периоди од годината е нанесувањето на заштитен фактор за сонце. Многумина забораваат на фактот дека иако е студено и ветровито, сепак сонцето е присутно и во надеж да се поужива во него, кожата страда и се добиваат црвенила и во најлош случај изгореници. Тие, се разбира, не се интензивни како летните но и штетат на кожата и дополнително влијаат на нејзиното сушење и пукање. Се препорачува фактор кој не е поголем од 15 SPF или евентуално 20 SPF за они кои престојуваат на повисоки места од типот на планини. Негата за кожата е едноставна, безболна навика која е огледало на целокупното здравје на човекот. Со овие неколку суштински рутини, секојдневно, се постигнува целосна заштита од сите елементи и се постигнува основна здраствена грижа на кожата на целото тело.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“