05 Декември, 2025
0.0308

Како да му помогнете на вашето дете да станае финансиски независно?

Објавено во: Стил, Финансии 15 Јануари, 2016 16:27

Добивај вести на Viber

Вашето дете заврши универзитет, но не може да најде работа? За жал, кај оваа несигурност тоа е честа ситуација. Вие сепак можете да му помогнете да си изгради одредени финансиски навики и да ги организира своите пари така што ќе му стигнуваат, пишува „Entrepreneur“.

А Еве и како:

Комуницирајте. Ако детето од вас побара финансиски совет, искористете го поводот да спроведете детална и длабинска дискусија со него на оваа тема. Помогнете му да ги оформи идните цели и советувате го какви временски рокови да си постави за секоја од нив. Ако тоа уште живее со вас, истакнете дека очекувате да придонесе на некој начин за домаќинство - тоа ќе го направи самостоен човек. Во случај да планирате да му најдете финансиска поддршка, кажете му конкретно и категорично во каква големина и каков вид ќе биде таа и држете се до одлуката.

Составете буџет. За младите луѓе тоа понекогаш е тешко, затоа покажете му на детето како се прави избалансиран месечен буџет помеѓу трошоците и приходите . Натерајте го да си направи таков за неколку месеци. Така ќе му помогнете да изгради добри вештини за управување со личните финансии. Исклучително важно е да го научите да не го оддолжува враќањето на долговите, ако има такви.

Желби против потреби. Разговарајте со вашето дете за разликата помеѓу двете и кое треба да е приоритет. Можно е тоа да е навикнато да троши премногу за излегување, нови технолошки гаџети, облека. Осигурете се дека ја разбира потребата од некои „жртви“.

Разговарајте за иднината. Вашето дете сигурно сеуште се наоѓа на ракрсница во која насока да се упати. Кажете му што според вас се неговите најдобри опции, но нека ги донесе сопствените одлуки. Ако долго време чека да се појави некаква можност, која сè почесто не доаѓа, охрабрете го да прифати пониско платена работа. Се разбира дека како родители ќе му помагате, но ако сакате тоа да биде финансиски независен човек треба да му е јасно дека не може секогаш да смета на вас.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: