Добивај вести на Viber
Генијалното решение објавено на порталот cansolair.com послужи како инспирација за содавање на ефикасен солерен колектор во домашни услови со цел да се искористи барем дел од ова непресушно богатство. Станува збор за неверојатно едноставен и евтин соларен колектор за дополнително затоплување на домот, кој директоно го затоплува воздухот. Најинтересно е тоа што колекторот речиси во целост е направен од празни алуминиумски лименки!
Куќиштето за соларниот колектор направено е од дрво (шперт плоча од 15mm), додека неговата предна страна е од плексиглас/ поликарбонат (може да користите и калено стакло), со дебелина од 3 mm (0,12 инчи). На задната страна од куќиштето поставена е стаклена волна (може да користите и стиропор од 20mm) како изолација.
Соларниот апсорбер е изработен од лименки од сок и пиво кои се бојадисани со црна – мат боја отпорна на високи температури. Горниот дел или капакот на лименката е посебно обликуван за да се добие поголема ефикасност при рамената на топлина помеѓу лименката и воздухот.
Кога е сончево, без оглед на надворешната температура, воздухот во лименка се загрева многу брзо. Вентилаторот го враќа затоплениот воздух назад во просторијата која се затоплува.
За почеток соберете празни лименки од кои ќе составите соларен панел. Потребно е да ги измиете лименките веднаш, затоа што многу бргу започнуваат да шират непријатен мирис. На секоја лименка со шајка направете три дупки, а потоа избушете го дното со помош на алат.
Залепете ги лименките со било кој лепак или силикон отпорен на високи температури, барем до 200°C. Постојат и производи за лепење кои можат да издржат дури и до 280 °C или 300 °C.
Капакот на лименката и дното на другата лименка совршено одговараат едно на друго. Ставете лепак/силикон на работ на лименката и притиснете го дното на другата лименка на неа. Подгответе шаблон за составување на лименки за кој може да искористите две најобични рамни даски и спојте ги со шајки. Шаблонот ќе обезбеди потпора во текот на сушење на лименките за да се добие рамна цевка – соларен тунел. Додатно прицврстете ги лименките за шаблонот со помош на ластиче за тегли.
Кутиите за вшмукувачкиот и издувен дел се прават од дрво или 1mm алуминиум; празнините на ивиците се пополнети со леплива трака отпорна на топлина или силикон. Капаците на кутиите имаат резови од 55mm направени со дупчалка. Соларниот апсорбер стои во кукиштето на колекторот направено од дрво. Позадината на кутиите за соларниот колектор се од иверка. За да се зацврсти дополнително оваа конструкција, можете да направите и внатрешни прегради од даски. Помеѓу преградите поставете изолација – стаклена волна или стиропор.
На крајот, соларниот колектор е бојадисан во црно поставен на куќиштето. Тоа пак е прекриено со плексиглас кој е прицврстен за рамката и темелно полиен со силикон. Поликарбонат/плексиглас има цел да одаде дополнителна цврстина. Важна напомена: Ваков соларен систем не може да ја акумулира топлотната енергија која ја произведува. Кога е сончево, соларниот колектор произведува топлина, но неопходно е таа веднаш да се употреби за затоплување на воздухот.
Доколку нема сонце потребно е да се прекине доводот на воздух во соларниот колектор зошто во спротивно просторијата ќе се олади. Ова може да се реши на едноставен начин – со вградување на неповратен вентил со што ќе го намалите губитокот на топлина на минимално ниво.
К.К