28 Јануари, 2025
0.0264

Како да направите лесна пресметка на соодносот долг/приход?

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Односот долг-приход (DTI) претставува процентуален израз на вашиот нето месечен приход што се насочува кон отплата на месечните кредитни обврски. Финансиските институции го користат како инструмент за оценка на ризикот при издавање кредит. Нискиот DTI индицира дека приходот е доволен за сервисирање на долговите, што го прави кредитобарателот попривлечен за кредиторите.

DTI е одличен показател за проценка на вашата финансиска состојба и тековните финансиски обврски. Овој индикатор треба да ви помогне да процените дали новиот кредит ќе предизвика прекумерно финансиско оптоварување на вашиот месечен буџет.

Финансиските институции обично претпочитаат да видат низок DTI пред да одобрат кредити, со цел да се осигураат дека кредитобарателите не се претерано задолжени.

Големината на DTI често се утврдени со закон и можат да варираат во различни земји, но исто така може да се утврдат и интерно од страна на финансиските институции. Иако финансиската состојба на поединец секогаш треба да се оценува поединечно, експертите сметаат дека здрав DTI не треба да надминува 40%.

Формулата за пресметување на вашиот DTI е едноставна:

Чекор 1:

Соберете ги сите ваши кредитни обврски: кредит за автомобил, хипотекарен кредит, студентски кредит, потрошувачки кредит итн.

Чекор 2:

Поделете ги вкупните обврски со вашиот месечен нето приход и ќе добиете процент што го претставува вашиот DTI.

Пример:

Маја е во потрага по кредит за автомобил во износ од 10 000 евра. Таа има плата од 1 000 евра по оданочување и месечно плаќа 400 евра за хипотекарен кредит и 50 евра за студентски кредит. Вкупните месечни трошоци изнесуваат 450 евра.

Нејзиниот DTI се пресметува со собирање на (400 + 50) и делење со 1 000. Нејзиниот моментален DTI е 450/1 000 = 45%.

Повеќето финансиски институции би го сметале овој сооднос за висок, бидејќи ако добие кредит од 10 000 евра со месечна отплата од 220 евра, нејзиниот DTI ќе се зголеми уште повеќе (450 + 220)/1 000 = 67%.

Ако вашиот однос долг-приход (DTI) е веќе висок и блиску до или над 40%, треба да размислите за намалување на вашите месечни обврски или пронаоѓање начин за зголемување на вашиот редовен приход.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Никогаш повеќе сама и во новиот семестар: dm ги снабди државните универзитети со нова количина од речиси 130.000 бесплатни хигиенски влошки

Никогаш повеќе сама и во новиот семестар: dm ги снабди државните универзитети со нова количина од речиси 130.000 бесплатни хигиенски влошки

Споделувај внимателно: Кампања на Телеком за заштита на децата на интернет

Споделувај внимателно: Кампања на Телеком за заштита на децата на интернет

СЕРИЈА REDMI NOTE 14 – СО ОДЛИЧНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДОАЃААТ И ОДЛИЧНИ ПОДАРОЦИ

СЕРИЈА REDMI NOTE 14 – СО ОДЛИЧНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДОАЃААТ И ОДЛИЧНИ ПОДАРОЦИ

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво

Samsung носи нова AI моќ на својот интерактивен екран на Bett 2025

Samsung носи нова AI моќ на својот интерактивен екран на Bett 2025

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“азотен оксид во Клиника Жан Митрев

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“азотен оксид во Клиника Жан Митрев

Целосна стипендија и Американска диплома за работа во Америка со Creative Hub

Целосна стипендија и Американска диплома за работа во Америка со Creative Hub