30 Јануари, 2025
0.0291

Споделувај внимателно: Кампања на Телеком за заштита на децата на интернет

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Интернационалната кампања на Телеком #СподелувајВнимателно има за цел да ја подигне свеста за тоа колку е важно да се заштитат фотографиите и податоците на децата на интернет.

Експертите предвидуваат дека две третини од сите интернет кражби на идентитет ќе бидат поврзани со невнимателно споделување на фотографии на деца токму од нивните родители или блиски. Оваа појава се нарекува sharenting, термин кој е кованица од „родител“ (parent) и „споделување“ (sharing) и се однесува на објавувањето фотографии или видеа од деца на социјалните медиуми.

Со секое споделување на фотографии или видеа од деца на интернет тие ненамерно се изложуваат на многу ризици како:  профилирање од страна на трговците со податоци, хакирање, препознавање лица, педофили и други закани за приватноста и безбедноста на децата. Сепак, само многу малку луѓе се свесни за овие опасности. Ова е илустрирано и во анкетата со родители на деца на возраст меѓу 0 и 14 години, спроведена од KB&B Family Marketing Experts во име на Дојче Телеком. Анкетирани се 795 родители на деца на возраст помеѓу 0 и 14 години.

Во продолжение се дел од резултатите од анкетата: 

-  Споделувањето фотографии од деца на интернет е широко распространета појава: 86 проценти од родителите споделуваат фотографии и видеа од своите деца на интернет.

-  Колку се помали децата, толку почесто нивните најблиски роднини споделуваат фотографии или видеа од нив: 70 проценти од родителите споделуваат фотографии од своите деца на возраст од 5 години и помали барем еднаш неделно.

-  Само една третина од родителите се свесни дека една фотографија е доволна за детето да стане жртва на кражба на идентитет.

-  85 проценти од анкетираните имаат доверба во примателите на споделените фотографии и сметаат дека тие нема да ги проследуваат на други луѓе.

-  Од друга страна, 65 проценти не знаат што се случило со фотографиите и видеата од нивните деца.

Со оглед на тоа што има многу неизвесности, 61 проценти од анкетираните се многу заинтересирани да добијат повеќе информации за опасностите и ризиците поврзани со споделувањето фотографии и видеа од нивните деца. 

Кампањата на Телеком – Споделувај внимателно ја има токму таа цел, да ја подигне свеста за ризиците од невнимателното споделување фотографии, видеа и други податоци и важноста на заштитата на приватноста на децата.

За видеото

Во видеото на иницијативата #СподелувајВнимателно гледаме дека е создаден дипфејк од 9-годишната Ела со помош на најновата технологија за вештачка интелигенција. Дипфејк (deepfake) се видеа, слики или аудио датотеки коишто се вештачки создадени од податоци споделени на интернет. Во видеото, „возрасната“ Ела им зборува на своите изненадени родители и ги соочува со последиците од нивното невнимателно споделување фотографии од неа на интернет. Овде, Ела ја претставува цела своја генерација а нејзината приказна има за цел  да ја подигне свеста за последиците од споделувањето на фотографии и податоци од деца на интернет.



ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КИБС ЦЕЛОСНО ПОДГОТВЕН ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО ИНСТАНТ ПЛАЌАЊА ВО МАКЕДОНИЈА СОГЛАСНО НОВАТА РЕГУЛАТИВА НА ЕУ

КИБС ЦЕЛОСНО ПОДГОТВЕН ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО ИНСТАНТ ПЛАЌАЊА ВО МАКЕДОНИЈА СОГЛАСНО НОВАТА РЕГУЛАТИВА НА ЕУ

Ново животно поглавје со Пензионерскиот пакет на Халкбанк

Ново животно поглавје со Пензионерскиот пакет на Халкбанк

М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на лидерите – Клучот во управувањето со луѓето“

М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на лидерите – Клучот во управувањето со луѓето“

Охрид Мол – се збогатува со нови модни брендови и содржини

Охрид Мол – се збогатува со нови модни брендови и содржини

Мобилното банкарство e во подем – се повеќе корисници користат НЛБ мКлик за извршување банкарски трансакции

Мобилното банкарство e во подем – се повеќе корисници користат НЛБ мКлик за извршување банкарски трансакции

Никогаш повеќе сама и во новиот семестар: dm ги снабди државните универзитети со нова количина од речиси 130.000 бесплатни хигиенски влошки

Никогаш повеќе сама и во новиот семестар: dm ги снабди државните универзитети со нова количина од речиси 130.000 бесплатни хигиенски влошки

СЕРИЈА REDMI NOTE 14 – СО ОДЛИЧНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДОАЃААТ И ОДЛИЧНИ ПОДАРОЦИ

СЕРИЈА REDMI NOTE 14 – СО ОДЛИЧНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДОАЃААТ И ОДЛИЧНИ ПОДАРОЦИ

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво