30 Јануари, 2025
0.0313

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија во денешниот извештај открива дека Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување го именувал за в.д.директор Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, без согласност од Владата.  

Беџети така работел од јуни 2022 до март 2023, кога Владата „се сетила“ да не даде одобрување на неговиот избор и бил поставен нов директор.

„Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за не давање на согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на директорот утврдени со закон“, констатира ревизорот во денешното соопштение до медиумите.

Инаку Беџети во меѓувреме доби и кривична пријава за своеволно вработување на нестручни кадри кои не ни доаѓале на работа. Овој период на работење на ПИОМ покажал многу недостатоци за државниот ревизор. Во 2023 биле вработени со договор на дело повеќе од 200 лица, но немало евиденција што и како работеле.

„Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од министерството за финансии, за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места, за кои се исплатени средства во износ од 50.377 илјади денари. Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите“, објаснува ревизорот.

Спорна била и една од јавните набавки за реконструкција и одржување на објектите на Фондот, иако за некои сегменти од работењето имало и други понуди кои биле до 22 пати поевтини.

„Во текот на 2023 година, спроведенa e набавкa за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи на деловни објекти на Фондот во централата, филијалите, деловниците и пензионерските домови за кои склучени се договори и анекси кон договорите во вкупен износ од 35.883 илјади денари за коja ревизорите утврдиле слбасти во нејзиното спроведување и реализација. Имено за позициите за кои била понудена минимална цена, во текот на реализација на договорот не се извршени нарачки. Договорот се реализирал за само неколку работни позиции кои во споредба на понудите на останатите економски оператори кои биле оценети како неприфатливи, кои за истите позиции имале од 2 (два) до 22 (дваесет и два) пати пониски цени.“, се вели во ревизијата.

За Беџети има пријава од МВР дека преку ПИОМ плаќал кирија за изнајмување на објект, а парите на крајот завршувале кај неговата сестра.Нешто слично открива и ДЗИ. Одтаму реагираат дека склучен е договор за закуп на деловен простор на 20 години без спроведена соодветна постапка.

Можеби ќе ве интересира

И СЛОВЕНЦИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ МАРКЕТИТЕ: Ова ќе трае до 2 февруари

И СЛОВЕНЦИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ МАРКЕТИТЕ: Ова ќе трае до 2 февруари

ОД 1 ЈУНИ КОМПЛЕКСОТ ПОЧНУВА СО РАБОТА: Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“

ОД 1 ЈУНИ КОМПЛЕКСОТ ПОЧНУВА СО РАБОТА: Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“

ЈОРДАН И ЕУ ПОТПИШАА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО: Што ќе значи тоа во пракса?

ЈОРДАН И ЕУ ПОТПИШАА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО: Што ќе значи тоа во пракса?

ХРВАТСКА ЌЕ ГИ СУСПЕНДИРА ВИЗИТЕ: Странски работници го изигруваат системот и бегаат во други земји

ХРВАТСКА ЌЕ ГИ СУСПЕНДИРА ВИЗИТЕ: Странски работници го изигруваат системот и бегаат во други земји

ВОЈДАН ЈОРДАНОВ УШТЕ 4 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ - ова е изборот на Собранието на акционери

ВОЈДАН ЈОРДАНОВ УШТЕ 4 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ - ова е изборот на Собранието на акционери

ЕСМ ќе потроши четири милиони евра за набавка на струја по цена од над 150 евра за мегаватчас

ЕСМ ќе потроши четири милиони евра за набавка на струја по цена од над 150 евра за мегаватчас

„МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЛИ СО ИСТА ЦЕНА СО ТИЕ ВО ГРЦИЈА ИЛИ ПОСКАПИ“: Аналитичарот Божиновски за високите цени во Македонија

„МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЛИ СО ИСТА ЦЕНА СО ТИЕ ВО ГРЦИЈА ИЛИ ПОСКАПИ“: Аналитичарот Божиновски за високите цени во Македонија

ОБЈАВЕНО ИМЕТО НА НАСЛЕДНИКОТ НА УБИЕНИОТ ДИРЕКТОР - осигурителниот гигант го претстави Тим Ноел, еве од кога е во компанијата

ОБЈАВЕНО ИМЕТО НА НАСЛЕДНИКОТ НА УБИЕНИОТ ДИРЕКТОР - осигурителниот гигант го претстави Тим Ноел, еве од кога е во компанијата

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза