Samsung носи нова AI моќ на својот интерактивен екран на Bett 2025
Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2025
Интерактивните AI функции на Samsung носат нова ера на образование кај училишните екрани
Samsung Electronics го претстави својот нов интерактивен екран со AI технологија (модел WAFX-P) на Bett 2025, најголемиот европски саем за образовна технологија. Преку Samsung AI асистентот, овој образовен екран ги комбинира напредниот хардвер и најсовремените AI можности за да создаде попаметни средини за учење кои се попривлечни и поттикнуваат поголема соработка.
„Samsung замислува иднина каде секоја училница ќе има корист од трансформативната моќ на AI. Со интегрирање на напредни алатки како генеративна AI и транскрипција во реално време кај нашите училишни екрани со Samsung AI асистент, не само што го подобруваме учењето, туку и го револуционизираме,“ изјави Хун Чунг (Hoon Chung), извршен потпретседател на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Наша цел е да создадеме технологија што ги инспирира едукаторите и учениците да истражуваат, откриваат и растат заедно.“
Трансформирање на училниците со Samsung AI асистент
Samsung AI асистент е ново образовно решение создадено да го прилагоди, ангажира и трансформира учењето за следните генерации. Ова посветено решение за подучување им обезбедува на едукаторите интелигентни и интуитивни алатки за организирање на часовите и трансформирање на традиционалното предавање во динамични, интерактивни искуства кои ги максимизираат резултатите од учењето.
Samsung AI асистент вклучува неколку иновативни образовни алатки:
·Пребарување со заокружување (Circle to Search) – веднаш обезбедува резултати од пребарување од доверливи извори кога корисниците едноставно ќе заокружат слики или текст на екранот, овозможувајќи лесно истражување за време на часовите.
·AI Резиме (AI Summary) – автоматски создава концизни прегледи на лекциите, што го олеснува планирањето на часовите за наставниците и го поедноставува прегледот на содржината за учениците по завршување на часовите.
·Транскрипција во живо (Live Transcript) – ги конвертира изговорените зборови во текст во реално време, што им овозможува на учениците повторно да го прегледаат и зајакнат своето знаење од училницата.
Проширување на образовните можности преку глобални партнерства
Samsung, исто така, планира да ги прошири своите AI услуги на образовниот пазар преку партнерства со глобални AI компании.
Во соработка со Google, Samsung има за цел да развие различни и моќни AI сценарија за поттикнување на дигиталните училници на иднината.
Моделот WAFX-P е Google EDLA[1] сертифициран, овозможувајќи непречен пристап до услуги како Google Classroom и Google Drive, кои дополнително го збогатуваат образовното искуство. Со овие функции, интерактивниот AI екран на Samsung функционира како моќен асистент за наставниците, поттикнувајќи истражување и соработка.
Напредна технологија за учење засилена со AI
Со опции од 65”, 75” и 86”, целата линија WAFX-P поддржува моќни AI можности, со напреден хардвер кој обезбедува беспрекорно корисничко искуство. Невронската процесорска единица (NPU), способна да извршува до 4.8 трилиони операции во секунда, гарантира непречено функционирање на AI функциите. Дополнителните спецификации вклучуваат 16GB RAM, 128GB SSD складирање и осум-јадрен процесор, кои заедно овозможуваат ефикасен мултитаскинг и употреба на ресурси за напредни образовни апликации. Со максимална осветленост од 450 нити, вградена 4K камера, микрофон и звучник од 20 вати, уредот создава имерсивно, мултимедијално опкружување за видео конференции и колаборативно учење.
WAFX-P е разновиден интерактивен екран базиран на Android 15, кој вклучува софтверски карактеристики за организирање и максимизирање на резултатите од учењето. Smart Note-On овозможува непречени транзиции помеѓу рачно пишување и дигитална содржина, додека File Converter ја поедноставува конверзијата на различни формати на датотеки, со што се зголемува функционалноста на екранот и се олеснуваат работните процеси.
Посветеноста на Samsung за долгорочна поддршка
Во согласност со својата посветеност за унапредување на образованието, Samsung ќе продолжи да ја поддржува својата претходна генерација на екрани, осигурувајќи дека серијата WAF од 2024 година останува компатибилна со новите интерактивни функционалности базирани на AI. Овој пристап ја нагласува посветеноста на компанијата за обезбедување трајна вредност и иновации за образовните институции ширум светот.
За повеќе информации за интерактивните екрани на Samsung, посетете ја страницата Samsung.com/mk.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1] Enterprise Devices Licensing Agreement(EDLA) е програма што Google ја воведе кон крајот на 2022 година за да им помогне на добавувачите на решенија да понудат уреди со вградени Google Mobile услуги.
ПР објава