20 Декември, 2025
0.1086

Како да се “ценкате”

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2013 13:00

Добивај вести на Viber

Ако имате прилика да отпатувате во Турција, сите ќе ве советуваат обавезно да го пробате кафето и турскиот локум, но и да се обидете да се "ценкате" со продавачите. Големиот пазар е главното место за сите љубители на шопингот. Што е потребно да знаете пред да купувате од земја кадешто ценкањето е дел од традицијата? 1. Морате да бидете соодветно облечени. Најновиот модел на Nike AirMax, новиот мобилен телефон или Police наочари нема да ви помогнат да добиете роба по пристапна цена. Вашиот изглед на продавачот му зборува за вашата моќ на купување, а сигурно нема да ви ја спушти цената доколку процени дека имате многу пари. 2. Секогаш започнете го ценкањето со сума која изнесува 50-60% од цената за која навистина сте спремни да платите. Тие ќе се обидат да ја подигнат цената, па ќе се најдете на средина. 3. Помладите купувачи секогаш добиват пониска цена од постарите. 4. Најдобро е да купувате рано наутро, бидејќи и нивните, како и многу трговци во Македонија сакаат денот да го започнат со продажба, односно првиот кој ќе влезе во нивната продавница да не излезе со празни раце, па макар тоа да биде и по многу ниска цена. 5. Не купувајте од првото место. Прашајте која е цената до која се спремни да спуштат, а потоа речете дека ќе погледнете наоколу и потоа ќе одлучите. 6. Бидете насмеани и комуникативни. Пофалете ја нивната одлична понуда, љубезноста.. тие тоа го ценат и токму поради тоа можете да добиете намалена цена. 7. Никогаш не се воодушевувајте од производот кој сакате да го купите. Секогаш глумете дека купувате подарок и сеедно ви е дали тоа ќе биде токму тој производ. Тогаш шансата да ви ја спуштат цената е многу поголема. 8. Ако сакате да ја намалите цената на некој производ, слободно кажете му на продавачот дека другиот ден патувате за дома и дека не ви останале уште многу пари. Можете пријатно да се изненадите колку се спремни да попуштат. На некои туристи ценкањето им е непријатно, а други уживаат во бескрајното убедување со продавачите. Затоа, најдобро е да го сфатите како дел од источната култура и едноставно да го прифатите нивниот обичај. Така што, кога вашиот пат ќе ве однесе на големиот пазар, парите во рака, насмевката на лице и купувањето може да започне на поинтересен начин.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии