19 Април, 2024
0.0227

Како да се инвестира: 10 совети од Ворен Бафет!

Објавено во: Стил 04 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Совладаjте ги основните работи. Според Бафет студентите кои се занимаваат со финансии и планираат да инвестираат во иднина, имаат потреба само од два добро научени предмети: Како да ја проценат компанијата и како да размислуваат за пазарните цени. Најдобро време за купување на акции од една компанија е кога таа е во неволја. „Најдоброто нешто што за нас е кога една добра компанија ќе западне привремено во неволја. Сакаме да купуваме акции на слични компании, кога се на операциона маса." „Не купувам некоја акција, само затоа што сите ја мразат. Контраинвестирането или "инвестирање против толпата" е исто толку глупаво, колку и стратегијата да ја следиш толпата. Неопходно е да се мисли.“ Акциите секогаш излегуваат од криза. „На долг рок, вестите за берзата ќе се подобрат. Во 20-тиот век САД помина низ две светски војни и други проблеми; Големата депресија; бројни рецесии и финансиска паника; нафтени шокови; епидемииа и оставката на понижен претседател. Сепак „Dow Jones“ порасна од 66 до 11 497 поени.“ Човек не треба да биде гениј за да инвестира добро. „Не треба да си ракетен физичар. Инвестирање не е игра во која човекот со коефициент на интелигенција 160 го победува оној со коефициент 130". Секогаш бидете ликвидни. „Ветив на вас, на агенциите за рејтинг и на себе, дека секогаш ќе го управувам „Berkshire Hathaway“ со повеќе од доволно кеш. Ние никогаш не би сакале да се потпреме на добрината на непознати, за покривање на утрешни обврски. Кога треба да избирам, не би заменил дури ни една ноќ спиење за можноста од дополнителни добивки. " Мислете долгорочно. „Ако не планирате да поседувате една акција за десет години, не помислувајте да ја купите“. „Засекогаш“ е добар период да поседувате една акција. „Кога имаме повеќе извонредни компании со извонреден менаџмент, нашиот омилен период на сопственост е засекогаш." Купувајте акции на компании кои можат да бидат предводени од идиоти. „Се обидувам да купувам акции на компании, кои се толку прекрасни што и идиот би можел да ги управува. Зашто порано или подоцна некој таков ќе ги управува." Бидете алчен кога другите се плашат. „Инвеститорите треба да знаат дека воодушевувањето и трошоците се нивни непријатели. И ако сакаат да изберат времето кога да инвестираат во акции, треба да да се обидат тогаш, кога другите се плашат. " Не треба да се скока во секоја прилика.  „На берзата, како и во безболот, не е задолжително да се замавне против секоја топка која лета кон тебе - може да ја почекате таа што Ви е добра.“

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре