Како да се расоните без мака - постојат пет начини
Објавено во: Стил 27 Октомври, 2019 08:45
Дали имате потешкотии со будењето? Се чувствувате ли безволно наутро? Мислите дека никогаш нема да бидете „утрински тип“?
Престанете да си зборувате себе дека не сте ранобудник. Доколку сакате да бидете уште попродуктивни, време е за некои поубави навики.
Будењето наутро е делумно ментално, но воглавно физички. Доколку вежбате некои едноставни трикови и го ресетирате внатрешниот часовник во телото, наскоро без наспор ќе станувате од креветет.
1. Се започнува од претходната ноќ
Запишете си порака на самите себе, која ќе ве насмее кога ќе се разбудите. Делува малку будалесто, но функционира. Визуелизирајте си го својот ден.
2. Прилагодете си ја собата за идното будење
Наутро, дозволете сонцето да влезе во собата. Природното светло го сигнализира биолошкиот часовник да престане со создавање на мелатон, што вас ве прави поспани. Доколку будењето ви е проблем, држете ги прозорите и завесите отворени за да дозволите да ве огреат утринските сончеви знаци.
3. Туширајте се долго
Наутро туширајте се во отворени очи, буквално и ќе ви даде време да ги средите своите мисли, ќе ве освежи и подготви за престојниот ден. Доколку сте храбри, пробајте да се истуширате со ладна вода. Ефектот ќе биде многу поголем. Доколку не сте подготвени за таа авантура, пробајте со „топло - ладно“ варијанта.
4. Вежбајте
Прекрасен начин за да се разбудите наутро е да го забрзате чукањето на срцето и дишењето. Не само што ќе ве разбуди, вежбањето ќе ви даде енергија и ментално поттикнување за наредните неколку часа. Дополнително, доколку тоа го правите на тераса или надвор, природното светло и свежиот воздух ќе ви помогнат да бидете уште порасположени.
5. Кафе
Пиењето на утринското кафе претставува ритуал на голем број луѓе. Некои велат дека наутро е доволен и мирисот на кафе за да ве разбуди. Поголемиот број студии кои се занимаваат со влијанието на кафето се согласни дека кофеинот е здрав во умерени дози. Понатаму, слободно испијте една шоља. Овој моќен напиток некогаш е се што ни е потребно за да го започнеме денот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





