07 Октомври, 2024
0.0233

Како да се зголеми продуктивноста на работникот?

Објавено во: Стил 30 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Милијардерот Ричард Бренсон, основач на технолошката компанија „Вирџин Груп“ дава совет за тоа како работникот да биде попродуктивен. 

Тој на своите колеги им ја откри тајната за поголема продуктивност, но и задоволството на вработените, а станува збор за флексибилни услови за работа.

До тоа сознание, дошол кога и самиот барал работно место, кое нуди такво работно време, со можност  работниците да го прилагодат својот распоред на  работа, меѓу другото и со работа од далечина, флексибилно работно време или намалени работни часови.

На почетокот на својата кариера, милијардерот работел од неговиот брод, наместо во некоја канцеларија оддалечена од неговиот дом. Се разбира, тоа е привилегија која повеќето од нас ја сакаат, а како од некои од најчести причини за тоа се наведуваат „поголема контрола врз рамнотежата помеѓу работата и слободното време и престанување на губење време на патување до и од работа“.

Бренсон вели дека флексибилната работна политика подеднакво е корисна и за компаниите, а тоа го покажува и фактот дека една од најголемите, највредните и најуспешните глобални компании, како што е „Амазон“ и „Епл“, нудат такви работни услови. Покрај тоа, бидејќи работењето од дома, тоа што, според истражувањата, повеќето работници го посакуваат, самата понуда со такви услови ја прави компанијата поконкурентна, смета Бренсон.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни