Како да си го направите животот подобар со три чекори?!
Објавено во: Стил 06 Ноември, 2014 20:46
Реченица која не прати цел живот: „Да го направев тоа или ова ќе беше подобро или полошо“. Како да го живеете вашиот живот, да се смените себеси или својот живот? Еве што за тоа вели виенскиот психолог Јулија Умек и тоа во три основни чекори.
Некои луѓе еден ден сваќаат дека долг временски период живееле по желба на други. Така сопствените животни сни во потполност ги изгубиле. Можеби сега е вистинското време да го послушате своето срце и да го смените животот и оживеете својата душа. Кога на крај од од животот ќе погледнете наназад, нема да се сетите на средениот стан, туку на миговите на среќа полни со радост и љубов, кога некои потреби и желби биле исполнети.
1.Убавите работи запишете ги
Земете убава тетратка и замислете се, вратете го филмот на вашиот досегашен живот и запишете ги сите убави работи кои ви се случиле во животот. Размислете колку вие сте допринеле тие мигови или настани да бидат убави и запишете го тоа. Често човекот не е свесен колку добри работи направил во животот.
2. Ослободете се од погрешните верувања
Барајте и најдете причина да бидете среќни, а за вашата среќа вие да се чувствувате заслужни. Ослободете се од погрешните верувања во минатото. Прашајте се: Што сакам од денес да променам, што стана од мене, кои соништа и желби уште ги имам? Колку подобро успеете да одговорите на своите прашања, толку полесно ќе можете да направите план за промените кои ги сакате. Запишете се во тетратка, тоа ќе ви помогне постојано да се потсетувате на стореното и планираното.
3. Секојдневна мала среќа
Да се биде среќен, тоа може да се научи. Тоа е состојба на духот, ако во прв план ги ставите работите што ги сакате и што добро ви одат. Често убавите работи кои се случуваат секојдневно се ставаат настрана како да се подразбираат. Потребно е почесто да се размислува, што добро сме направиле. Така со тек на времето ќе станете похрабри и посилни за да ги живеете вашите сни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





