26 Април, 2024
0.0451

Како да си купиш над 20.000 квадрати деловен простор во Тетово за пола милион евра?

Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Фадил Алили пред неполн месец плати 478.200 евра за 26,7 отсто од акциите во тетовски „Интерпромет“ и сега сам може да одлучува за повеќе од 20.000 квадартни метри деловен простор во Тетово затоа што поседува над 61 отсто од акциите со право на глас. Алили не мора да даде понуда за превземање на другите слободни акции затоа што законот за превземање не важи за акции што ги продава државниот Фонд за ПИОМ. Заради ова законско решение 15 отсто акции кои останаа во рацете на 170 домашни физички лица сега остануваат „тоалетна хартија“

Тетовската трговска компанија „Интерпромет“ од пред неполн месец има мнозински сопственик кој поседува над 61 отсто од сите акции со право на глас. Станува збор за Фадил Алили од тетовското село Порој, кој и претходно беше најголем поединечен сопственик на акции во „Интерпромет“ и пред 14 јануари поседуваше 34,29 отсто од акциите со право на глас во компанијата. 
На 14 јануари државниот Фонд за ПИОМ на берзанска аукција ги понуди сите свои акции во пакет. Станува збор за вкупно 18.708 акции со право на глас и тоа со почетна цена од 25,57 евра за акција. Алили ги купи тие акции по таа почетна цена и за сите нив плати вкупно 478.200 евра на државниот Фонд за ПИОМ. По тоа Алили стана мнозински акционер на „Интерпромет“ компанијата што живее од издавање на деловен простор во Тетово. За првите девет месеци лани компанијата остварила приход од кирии кој изнесува 322.000 евра.

Првата понуда на овие акции Фондот за ПИОМ ја дал на 29 ноември лани, но со почетна цена од 51 евро по акција. На таа аукција не се јавил никој, па после 45 дена односно на 14 јануари годинава Фондот за ПИОМ оди со нова аукција на која почетната цена е со дисконт од 50 отсто односно таа изнесува 25,57 евра.

Сега Алили со своите акции како најголем акционер ќе може легитимно да носи одлуки кои се од суштинско значење за таа компанија. Најинтересно е тоа што Алили не е обврзан да даде јавна понуда за да ги купи сите слободни акции кои ги поседуваат поранешни, сегашни вработени во таа компанија или други домашни физички лица. Нивните акции во „Интерпромет“ се безвредни затоа што најголемиот акционер не е должен да им понуди да ги откупи. Во оваа ситуација Законот за превземање компании чија основна намена е да ги штити малите акционери е легалната основа заради која акциите на 170 лица остануваат безвредни. Во член 2 овие ставови го „амнестираат“ Алили од обврска да ги откупи сите слободни акции во „Интерпромет“

(3) При откупот на акциите во сопственост на Република Македонија не се применуваат одредбите од овој закон.

(4) Под акции во сопственост на Република Македонија, во смисла на овој закон, се подразбираат акциите во трговските друштва запишани по различни основи на Република Македонија, корисниците и единките корисници на средства од Буџетот на Република Македонија, агенции, фондови, јавни претпријатија и на други институции и правни лица кои вршат работи од јавен интерес согласно со закон основани со средства во државна сопственост.

Освен Алили голем поединечен акционер е Харун Тачи, брат на Мендух Тачи претседател на политичката партија ДПА, кој поседувал 23,23 отсто од акциите со право на глас. Во акционерската структура на „Интерпромет“ има уште 174 физички лица од кои само еден е странец и тие заедно поседуваат околу 15 отсто од акциите со право на глас.

Повеќе за „Интерпромет“ можете да прочитате на следниот линк Што ќе продава тетовски „Интерпромет“?


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот