26 Април, 2024
0.0247

Како да заштедите додека патувате?

Објавено во: Стил 27 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Патувањето со ограничен буџет е навистина тешко. Има голем број секојдневни трошоци, патни трошоци и изненадни трошоци за коишто не сте ни свесни дека треба да ги платите. Затоа, изделуваме неколку совети за тоа како на едноставен начин да заштедите додека патувате. 1. Внимавајте на банкоматите Повеќето банкомати во другите држави може да земаат 1-3% од вашата целосна трансакција, а некаде износот може да биде приближно исто колку и вашата трансакција. Затоа, најдобро е да ги земете во вас сите пари коишто ќе ви бидат потребни, за да избегнете плаќање на данок. Исто така, можете да се информирате во вашата банка за тоа дали истата има некои партнери надвор од земјата. 2. Бесплатни тури Секој европски град има бесплатни тури за запознавање на градот. Со нив, ќе имате можност да ги посетите сите поважни места без да плаќате водич. 3. „Животот“ на воз Кога патувате меѓу земји или големи области, возовите се вашиот најдобар пријател. Тие се многу поевтини од авионите и другите превозни средства. Покрај тоа, можете да ги гледате сите прекрасни пејзажи низ коишто возот поминува. 4. Избегнувајте такси Во повеќето големи градови таксито е навистина скапо и голем број таксисти знаат да ја покачат цената доколку сфатат дека сте турист. Избегнувајте ги - лесно е да дознаете кога има автобус. Или можете да се одлучите за пешачење - со тоа добивате можност подобро да го запознаете градот. 5. „Пазарете се“ со уличните продавачи Некои од најдобрите сувенири доаѓаат од уличните продавачи. Добро е тоа што можете да се ценкате или пазарите за цената. Кажете му на продавачот дека сте заинтересирани, но дека цената е превисока и заминете. Тој ќе сака да оствари продажба, па ќе ја намали цената. 6. Хостели Можете да се потрудите и да побарате добар хостел. Така ќе заштедите многу пари затоа што хостелите се дупло поевтини од самите хотели. 7. Избегнувајте телефонски разговори Добро е да ги известите вашите блиски кај се наоѓате, меѓутоа телефонските разговори не треба да бидат многу чести затоа што скоро во сите земји еден телефонски разговор ќе ве чини многу повеќе од самото патување. Обидете се да најдете Wi-Fi за да ги известите вашите блиски каде се наоѓате или повремено испратете смс порака.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти