14 Мај, 2024
0.0333

КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ: Навики кои ни земаат многу пари!

Објавено во: Стил, Финансии 06 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во време на економска криза секоја заштеда на пари доаѓа добро. Не мора да правиме драстични кратења во домашниот буџет како би оставиле нешто пари на страна.

Навистина, ако се откажеме од месечна претплата за теретана, во која ретко одиме, или се одјавиме од кабелски оператор, бидејќи сите програми можеме поефтино да ги гледаме на интернет, би можеле значајно финансиски да се „поправиме“.

Сепак, не мораме баш таква „жртва“ да поднесеме. Доволно е за почеток да се откажеме од некои мали , секојдневни навики и тоа ќе доведе до значајна заштеда на пари. А тие навики се ...

1.ПУШЕЊЕ: Просечна кутија на цигари чини едно евро. Според податоците просечен пушач пуши кутија цигари дневно. Значи, престанување на пушење би го поправило значајно вашиот месечен буџет.

2.КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ ИЛИ ВОДА ОД ШИШЕ: Според истражувања на “Gallup“, речиси 63 одсто од Американците пијат алкохол, а маж во просек пие еден пијалок дневно. Жените пијат помалку, а оваа статистика покажува доста појавувањa и во нашиот регион.

Пивото е најпопуларен пијалок, а неговата цена во просек е 50 денари. Месечна заштеда на просечен пивопијач би изнесувала доста за да заштедите во текот на месецот. Тие кои не пијат алкохол би можеле да ги сочуваат парите ако се откажат од купување на вода во шишиња.

3.УТРИНСКО КАФЕ. Престанување на пиење утринско кафе надвор од дома би можело да биде посебно тешко бидејќи тоа за дел од нас е традиција, како што е чајот за Англичаните. Ако се откажете од оваа навика во дмашниот буџет исто така би заштедиле некој денар.

4.ОБРОК НАДВОР ОД ДОМА. Повремените оброци надвор од дома би можеле да бидат добра промена, но ако тоа често го правиме можеме сериозно да ги загрозиме нашите финансии.

5.ДОЦНЕЊЕ ВО ПЛАЌАЊЕТО НА СМЕТКИ: Добрите навики за оплаќање на сметки и кредити на време може да ви заштеди многу пари. Ако имате навика да доцните со уплатите тоа може сериозно да ви се одбие во глава и да ќе добиете уште и камати. Значи добра, кредитна навика, како што е плаќање на време, може значајно да ви го поправи домашниот буџет.