27 Април, 2024
0.3323

КАКО ДО ЕКОНОМСКИ И ИНДУСТРИСКИ ПОЛИТИКИ КОИ ЌЕ ИСПОРАЧААТ ВИСОКИ И ОДРЖЛИВИ СТАПКИ НА РАСТ

Објавено во: Економија 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Извозна диверзификација и квалитативни промени во производната и извозната структура се фундаментални процеси за акцелерација на растот во мали отворени економии како што е случај со Република Македонија. Дизајнирањето на вистинските политики во насока на поттикнување на овие процеси треба да биде засновано на проучување на постоечката индустриска структура на земјата и репродуциските поврзаности (напред и назад во ланецот на снабдување), квантификација на влијанието на носечките индустриски сектории детално идентификување на развојни потенцијали на одделни индустриски сектори базирани на реални економски претпоставки.  Но, постоечкиот модел на раст на македонската економија не ги испорача очекуваните резултати, а за причините за тоа треба подетално да се навлезе во неговите специфичности. Тој модел беше  заснован на неколку столбови. Прво, поттикнување на извозот преку привлекување на СДИ. Второ, експанзивна фискална политика преку користење на фискалниот простор што земјата на почетокот од тој период го имашесо цел стимулирање на агрегатната побарувачка. Трето, спроведување на што е можно повеќе реформи во сите сфери.

- Претходната влада се обиде да обезбеди раст воден од извозот преку политики за привлекување на СДИ засновани на давање значителни безусловни поволности и олеснувања за странските компании. Таквите политики не беа базирани на претходни секторски анализи и анализа на ефектите од истите во смисла на подобрување на извозната структура на земјата на подолг рок и без претходно изградена платформа за интегрирање на домашните компании во нивните ланци на снабдување. Уште повеќе, изостанаа политиките за поддршка на домашните извозно ориентирани компании во насока на зголемување на нивната конкурентност, иновативност  и подобрување на нивните капацитети за настап на глобалните пазари преку поддршка и поттикнување на извозот на нови производи со поголема додадена вредност. Резултатот од таквите политики беше значителен пораст на извозот (просечен раст на извозот од 8% во периодот 2006-2016 година) без значителни ефекти врз растот на економијата во однос на она што првично се очекуваше (просечен раст на економијата од 3% во истиот период), што укажува дека корелацијата е позитивна, но магнитудата на таа позитивна корелација не е многу голема. Уште понеповолно, таквите политики наместо извозна диверзификација и подобрување на извозната структура, придонесоа за извозна концентрација без некои позначајни квалитативни промени во извозната структура- вели доц. д-р Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет во Штип.

Колку за илустрација, вредноста на извозот е зголемена од 2,66 милијарди американски долари во 2006 година на 4,76 милијарди американски долари во 2016 година, додека бројот на производи што земјата ги извезува со компаративни предности се намалил од 675 производи во 2006 година на 461 производи во 2016 година. Дополнително, резултатите покажуваат дека најголем број од тие 461 производ што денес Република Македонија ги извезува со компаративни предности (или повеќе од 250) се производи од индустријата за основни метали, текстилната индустрија или примарното земјоделие кои се карактеризираат како трудо-интезивни и/или ниско продуктивни сектори.

Според неговото мислење, во вториот столб на експанзивна фискална политика, проблематично беше начинот на користење на тие буџетски трошења. Претходната влада наместо да ги насочи средствата за зголемување на конкурентноста, продуктивноста и иновацискиот капацитет на реалниот сектор, поголем дел од буџетските трошења беа насочени кон непродуктивни цели или капитални инвестиции без значителни мултипликативни ефекти за економијата на долг рок. На крај, третиот столб на спроведување на што е можно повеќе реформи без поставување на претходни приоритети беше исто така неодржливо со оглед дека ниту институциите имаат толкав капацитет, ниту државата има неограничено средства да спроведува ваква политика. Тоа беше само еден чист популизам, што наликуваше на пукање со калашников без да се има ориентација за тоа каде е метата со надеж дека случајно целта ќе биде погодена. Наместо тоа, сегашната и сите идни влади треба да постават јасни цели и приоритет во економијата согласно претходно адресирани ограничувачки фактори кои имаат најдисторзивни ефекти за економијата во тој момент, и со јасно дефинирани политики и реформски пакети да се насочи кон елиминирање на таквите ограничувања.

- Досега се направени многу стратегии и програми за економски раст и препишани се многу терапии за македонската економијата без притоа да се направи вистинска дијагноза на состојбите и предизвиците со кои се соочува економијата и реалниот сектор како главен мотор на растот- вели Лазаров.

Неодамна владата на Заев излезе со програма за економски раст. Според Лазаров, очигледно е дека оваа програма има детектирано некои слабости на претходните економски политики, кои во еден дел беа погоре елаборирани.

- Прво, поддршката на странските инвестиции веќе не се безусловни, наспроти истата е насочена кон резултати. Од инвеститорите се бара да исполнат некои услови како што се пораст на годишните приходи и број на вработени, одреден праг на висината на платите што ги исплаќаат кон вработените, интегрирање на домашните компании во ланците на снабдување и сл. Второ, програмата е насочена и кон домашните извозно ориентирани компании, што претходни не беше случај. Трето, се дава поддршка на истражувачко-развојни центри во рамките на самите компании со цел зголемување на нивната иновативност и конкурентност- вели тој.

Според него, оваа програма може да биде надградена со сет на вертикални индустриски политики насочен кон оние извозно ориентирани сектори кои имаат реални економски претпоставки да се развиваат во иднина. Но, пред таквите политики да бидат креирани потребно е детално проучување на развојните можности на економија по одделни индустриски сектори и производи, при што, на тој начин ќе се трасира патот на идниот развој на земјата и ќе се добие јасна слика за тоа каде Република Македонија реално може да се позиционира во глобалниот ланец на снабдување.

Неодамна во рамките на Стопанската Комора на Македонија беше спроведено едно истражување каде беа анализирани развојните потенцијали и можности за производна диверзификација и структурни промени во металната, машинската и електро индустријата на ниво на поединечни производи (беа анализирани повеќе од 1.200 производи), при што, добиените резултатите укажуваа дека Република Македонија можеби нема потенцијални компаративни предности во производство на високо софистицирани производи во овие сектори, но секако има потенцијал да оди чекор напред во ланецот на снабдување преку отпочнување на производство и извоз на производи со повисок степен на финализација и додадена вредност.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност