19 Декември, 2025
0.1164

Како е можно браќата исламисти да извршат напад кога претходно и биле познати на полицијата?

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2015 10:42

Добивај вести на Viber

По нападот на редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“, во Франција многумина си го поставуваат прашањето како е возможно браќата Куаши, кои им биле добро познати на полициските и антитерористичките служби во земјата, да успеат да извршат ваков напад на место кое веќе беше под полициски надзор поради претходни закани. Помладиот брат Куаши Шериф (32), бил осудуван во 2008 година поради учество во испраќање борци во Ирак, а неговото име повторно се појавува во 2010 година во истрага која го осуети планот на неколкумина заверници кои сакале од затвор да го ослободат милитантниот екстремист Смаин Аит Али Белкачем. Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, потврди дека браќата биле под надзор, но дека не постоеле никакви елементи кои би наговестиле дека планираат напад. Полициски извори за „AFP“ соопштиле дека Шериф не патувал надвор од земјата и дека браќата не биле следени како мети „кои би можеле да тргнат во акција“. „Да најдете екстремисти е лесно, Она што скоро е и невозможно е сите тие да бидат следени“, тврдат експертите за безбедност. Директорот на францускиот Институт за разузнавачки истражувања, Ерик Денес, смета дека властите не можат да ги следат во исто време сите оние кои се поврзани со тероризам. Тој објаснува дека тоа што некој терорист им е добро познат на безбедносните служби не значи и дека постојано ќе биде следен од надзорните власти. Според него постојат незаобиколливи сериозни „дупки“ во системот.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела