05 Декември, 2025
0.0390

Како една обична зграда се претвори во прозрачна куќа?

Објавено во: Стил 14 Август, 2013 22:22

Добивај вести на Viber

Француското уметнички дуо Кристоф Бердаге и Мари Пежo создадоа куќа на необичен начин и со специфична форма. Градбата се наоѓа во близина на „Synagogue de Delme“ - францускиот арт центар во близина на границата со Германија. „The Gues (ho) st House“ е изградена по нарачка на арт центарот, за да се одбележи неговата 20-годишнина во 2013 година. Пред да се претвори во уметничко дело, двокатна зграда била затвор, училиште, па погребален дом. Според уметниците, нејзиниот сегашен изглед ги одразува нејзините трансформации во текот на годините. За да извршат реконструкција, Кристоф Бердаге и Мари Пежо користат полистерол и спреј, кои и даваат на зградата застрашувачки изглед. Уметниците ја опишуваат како покриена со бел превез,„ кој капе врз околината и го создава живото тело" на зградата. Во „The Gues (ho) st House“ ќе има приемен центар, канцеларија и биро за информации на првиот кат. На вториот кат во студио ќе се сместуваат уметници, студенти и луѓе од светот на уметноста.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: