Како европските берзи „преживејаа“ по нападите во Берлин и Анкара?
Објавено во: Економија 21 Декември, 2016
Терористичките акти станаа рутински за инвеститорите, коментираат аналитичарите
Европските пазари на акции се наоѓаат во најголем дел на „зелена територија", поддржани претежно од зголемувањето акции на италијанските банки по веста дека властите во Рим подготват план се стабилизација на банкарскиот систем во износ до 20 милијарди евра.
Тргувањето сепак е отежнато по терористичките напади во Атина и Берлин.
По серијата терористички напади, европските берзи регистрираат претпазливо зголемување во денешната трговија. Фактот дека берзите на стариот континент забележуваат некој, макар и симболичен раст е во одреден степен извонреден, имајќи ги в предвид настаните во Германија и Турција. Овие напади имаат само краткотрајни ефекти на финансиските пазари, истакна Конор Кембел, финансиски аналитичар во компанијата Spreadex.