19 Декември, 2025
0.1138

Како европските илузионисти ќе ги натераат чамците со мигранти да исчезнат

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2015 13:51

Добивај вести на Viber

Британската влада еднаш веќе се обиде да ги натера чамците со мигрантите да исчезнат сами од себе. Во октомври 2014 година земјата одби да го финансира проширувањето на спасувачките операции. Тогаш владата ја бранеше својата одлука на патролите да помагаат за зголемување на бројот на мигрантите. Луѓето очигледно најчесто скокаат во чамците, кога знаат дека ќе ги спасат. Но заедно со тоа Владата имаше една тајна надеж дека бродовите едноставно ќе потонат, а публиката нема да забележи тоа, пишува британскиот новинар Мартин Џонс од „The ​​Conversation“.

Овој број не помина според сите причини. Публиката веќе знаеше дека луѓето се таму и негативната реакција за откажувањето на спасувачките операции многу брзо доби на интензитет.

Покрај тоа, очајните луѓе, подготвени да се качат на бродовите се многу, а во Медитеранот веќе постои истрошен трговски механизам за преводот на овие луѓе (а понекогаш и трговија со самите нив.) Но сега работите ќе добијат друга димензија. Сега европските земји ќе бараат чамци и ќе ги уништуваат. Кажано на воен жаргон, целта се состои во „неутрализирање на садовите и сопственоста на шверцерите“. Убедување во тоа што повеќе нема да има чамци во кои луѓето ќе се качат. Но вистинското чудо ќе се случи таму, друга насока не гледаме. Како и кај секој фокус, исчезнувањето на бродовите ќе зависи од уметноста да се одвлече вниманието.

Во следните месеци ќе бидат потпишани „партнерски“ договори со владите на Египет, Либија и Тунис, кои ќе бидат стимулирани да фаќаат, задржуваат и ги депортираат мигрантите и бегалците уште пред тие да се качат во чамците.

ЕУ започна преговори со Еритреја за жестока гранична контрола во обидот да се фати секој кој бега од гонење од самата таа земја. ЕУ, исто така, планира да ги депортира оние кои сепак успеале да дојдат (но не и во Велика Британија.) Ако ЕУ не преземе такви мерки, Италија ќе воведе акција план Б и ќе ги депортира бегалците сама, ослободувајќи се од новодојдените и давајќи им дозвола за патување во Европа, која нема граници.

Кога вниманието ќе ни биде забравено на овие чамци кои ќе бидат фатени или уништувани, приливот од мигранти и бегалци ќе се намали, а останатите чамци едноставно нема да отпловат. Оние кои сепак се осмелуваат на вакво патување, ќе бидат принудени да платат повеќе и во различни точки на Европа. Тие ќе пристигнат во скриени од странските очи во контејнери по копно и воздух во различни места низ целиот континент. Пристигнатите мигранти брзо ќе бидат растерани, колку е можно подалеку од очите на „sunbathers“ и од очите на медиумите.

Накратко, тајните надежи од 2014 година ќе се остварат и тоа ќе биде заслуга на решителните политичари, како и на храбрите војници за заштита на јужните граници на Европа.

Испробани методи

Знам дека така и ќе стане, бидејќи овој метод е испробан и се докажал како кредибилитет. Тоа го постигна Австралија, а сега и Југоисточна Азија води преговори за тоа како да се справи со приливот на бегалци .

И таму работите паднале во рацете на војската, која со сопствени методи се обидува да го реши проблемот. Што се однесува до тајванските воени бродови едноставно ги отфрлија чамците назад во морето и тие тајно слегуваа на брегот на други места. Сега чамците се запираат од бирмански воени бродови кои не им даваат на излезат во морето. Владата на Бангладеш најави планови за преместување на логорите со бегалци во оддалечени локации.

Во меѓувреме австралиските операции зафќаат чамци кои се одржуваат под таква тајна завеса дека личат повеќе на воени дејствија. Освен тоа Австралија троши милиони за транзитните земји да имаат повеќе можности да ги фаќаат чамците со мигрантите.

Да ги затвориш очите

Всушност чудото не е во тоа чамците да исчезнат. Надлежниот фокус е таму да се одвлече вниманието од причините кои предизвикуваат миграцијата - а тоа се ужасни услови на живот во земјите во кои луѓето бегаат и недостатокот на каква и да било заштита во транзитните земји.

Во Средоземното Море повеќето морски мигранти се луѓе кои се обидуваат да избегаат од Сирија и Еритреја. Во Сирија има вистинска хуманитарна катастрофа и оваа земја е една од најопасните места во светот.

Еритреја ги задолжува граѓаните на бескрајна воена служба. Земјите кои ги прифаќаат сириските и еритреските бегалци, не добиваат доволно помош од светската јавност и не можат да им ја обезбедат потребната заштита.

Причина за приливот на мигранти во Европа ќе биде остранет, а тие не можат да се решат ниту со ставање на бомби врз бродовите, ниту со затворање на граничната контрола во соседните земји. А луѓето, незаштитени мигранти и бегалци, исто така ќе останат. Едноставно нема да се гледаат.

Но поголема загриженост предизвикува слогата меѓу гледачите и публиката. Ние не сакаме да го видиме овој ќор-сокак кој ги турка луѓето кон ризично патување по Медитеранот. Но, додека не собереме доволно храброст да се соочиме со најстрашната вистина и не се обидеме да го решиме проблемот, политичарите ќе продолжат да мавтаат со своите волшебни стапчиења и да викаат: „Абракадабра!“

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела