19 Декември, 2025
0.0448

Како „Факом“ дојде на ова дереџе? Добивката за 9 месеци е само 3.500 евра!

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2024 07:25

Добивај вести на Viber

За девет месеци „Факом“ платил 363.000 евра во трошоци за камати и курсни разлики. Трошоците за суровини му се намалени за 70 отсто, а за вработените за 19 отсто. На домашниот пазар работата му е преполовена во споредба со лани

Најголемата и најстара македонска индустрија за метални конструкции скопски „Факом“ минува низ навистина тежок период. Финансиските податоци за првите девет месеци годинава покажуваат дека таа компанија значајно ја загубила својата пазарна позиција особено на домашниот пазар, а што е лошо во исто време ги зголемила своите трошоци за камати и крусни разлики. Комбинацијата на овие два фактори го довела „Факом“ во позиција да биде на позитивна нула односно да книжи добивка од 3.500 евра за девет месеци работа. А тоа е резултат што никој не сака да го памети.

Најновиот финансиски извештај покажува дека состојбата во македонската економија годинава лошо влијае врз работата на „Факом“. Приходите од домашниот пазар изнесуваат 3,1 милиони евра и се намалени за 52 отсто во однос на истиот период лани. Паралелно со тоа „Факом“ успеал од странските пазари да инкасира 5,4 милиони евра што е пад од 10 отсто во споредба со истиот период лани.

Намалените нарачки на домашниот пазар се показател дека на македонската економија овој период не и одело најдобро барем во делот на производство и монтажа на челични конструкции за големи индустриски капацитети. Ако се потсетиме дека и градежниот гигант „Гранит“ има слични перформанси тоа значи дека состојбата со крупниот бизнис во Македонија особено на индустриските капацитети од реалниот сектор и производството била и подобра од тоа што е годинава.

„Факом“ годинава го рационализирал односно намалил трошокот за своите вработени за дури 19 отсто. Тоа не е мала бројка и директно укажува на намалување на обем на работа на овој гигант. Издатоците за вработените годинава (до крај на септември) изнесуваат 3,9 милиони евра.

Уште поочигледна е состојбата со трошоците за суровини и материјали. Тие се намалени за дури 70 отсто во споредба со лани и годинава за првите девет месеци изнесуваат 1,64 милиони евра.

Сума сумарум на вкупни приходи од продажба вредни 8,78 милиони евра и оперативни расходи од 8,4 милиони евра „Факом“ остварил оперативна добивка од 352.000 евра. И при тоа таа е повисока за 46 отсто од лани.

Но тука следат издатоците на „Факом“ за камати и курсни разлики. За тоа компанијата во девет месеци платила 363.000 евра или 22 отсто повеќе од лани. Тоа значи дека кредитирањето за „Факом“ значајно поскапело од лани. И тоа не е добар сигнал.

На крај добивката на компанијата за девет месеци изнесува 3.500 евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии