18 Декември, 2025
0.1511

Како Глигорие Гоговски од „Тетекс“ направи економски чудо? Добивката е поголема од приходите од продажба!

Објавено во: Економија 13 Мај, 2022 08:09

Добивај вести на Viber

Некогашниот текстилен гигант „Тетекс“ е економско чудо! Консолидираниот биланс покажа дека Глигорие Гоговски држи лекции за профитабилност. “Тетекс“ за еден квартал има профит од 225.000 евра на приходи од продажба вредни 186.000 евра... се ова е резултат на квалитетни навремени инвестиции

Нема зима за некогашниот текстилен гигант „Тетекс“ од Тетово. Консолидираниот биланс покажува дека компанијата остварила нето добивка од 225.000 евра за 90 дена работење. Тоа е за 70 отсто подобар резултат од истиот период минатата година.

Фасцинантно е тоа што приходите од продажба се помали од добивката. Дури може да се каже дека Глигорие Гоговски во овој квартал излезе поуспешен портфолио-менаџер од Доне Таневски, најголемиот угостител во земјава и успешен инвеститор на домашниот пазар на капитал.

Каде е тајната формула на Глигорие Гоговски?

Одговорот е во навремените и квалитетни инвестициски одлуки на тимот што со децении раководи со комбинатот „Тетекс“. Тие направија успешна транзиција со тоа што на време ги алоцираа важните ресурси кои обезбедија долгорочна одржливост на друштвото. По тоа направија оптимизација на трошоците во работењето на „Тетекс“ и од некогашниот текстилен гигант направија фирма со добар инвестициски портфељ која го намали оперативното работење и го постави така да секогаш може да се покрие и да биде најмалку на позитивна „нула“. Сега „Тетекс“ од финансиски приходи или поточно од удел во добивката на придружени друштва (н.з. фирми ќерки) доби 210.000 евра за еден квартал. А допрва ќе стигне и добивката од акциите на „Тетекс“ во ТТК Банка.

При тоа за комплетна слика е вредно да се истакне и тоа што финансиските приходи на ова друштво се за 70 отсто повисоки во споредба со првиот квартал 2021 година.

„Тетекс“ е на добар глас и кај инвеститорската заедница во земјава. Неговиот рејтинг добро го држи дивидендната политика која има континуитет и секоја година компанијата ги наградува своите акционери. Повеќе детали за „финансиската крвна слика“ на „Тетекс“ на следниот линк https://mse.mk/mk/issuer/teteks-ad-tetovo/

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?