20 Декември, 2025
0.0441

Како граѓаните гледаат на корупцијата и дали даваат мито?

Објавено во: Економија 30 Август, 2016 15:58

Добивај вести на Viber

Секој трет граѓанин примил поткуп, а дури 85% од граѓаните дале пари на полицаец за да не им биде одземена возачката дозвола, покажува  истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Најкорумпирани се судиите, министрите, лидерите на политичките партии, а по нив се пратениците, цариниците, јавните обвинители и други, сметаат граѓаните.

Според истражувањето,  46% од граѓаните мислат дека државните службеници се вмешани во корупција, а исто толку се убедени дека таа тешко ќе се искорени. Само 7,4% од граѓаните ја пријавуваат корупцијата, иако две третини од нив се свесни за неа.

Корупцијата во Македонија ја поддржуваат и младите. Дури 47% од анкетираните на возраст меѓу 18 и 29 години сметаат дека корупцијата е прифатлива, а слично размислуваат и постарите меѓу 40 и 49 години.

Корупцијата е огромна, но таа не е најголемиот проблем на граѓаните. На прво место останува сиромаштијата.

„Сепак, корупцијата за граѓаните не претставува најголем проблем. Први се економските проблеми, додека корупцијата е на петто место“– вели Ерина Нурединовска од МЦМС.

Истражувањето на МЦМС е направено со 1000 испитаници од 27 јануари до 3 февруари годинава.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба