18 Мај, 2024
0.3527

Како името Рокфелер стана синоним за богатство

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Се почнало со раѓањето на Џон Д. Рокфелер кој од мали нозе имал развиени сетила за бизнис. 1839 Џон Д. Рокфелер е роден 8 јули во Њујорк, како средно дете, а прв син од вкупно шест деца во семејството. Името го добил по таткото на неговата мајка, Џон Дејвисон. Џон е крстен во баптистичка црква кога имал 15 години, а после тоа почнал да посетува веронаука и пеел во црковниот хор. 1855 Во август наполнил 16 години и оддтогаш почнало неговото барање на работа ,сакајќи сам да заработува пари. Во септември се вработил во компанијата “Hewitt and Tuttle‘‘ која се занимавала со големопродажба. Тој ден, 26-ти септември, Џон го нарекол “Job Day”, неговиот прв работен ден. 1859 Tuttle дал отказ од местото партнер на фирмата “Hewitt and Tuttle‘‘, а на неговото место го заземл Рокфелер, рамо до рамо со Hewit Неколку години подоцна, Рокфелер започнал нов бизнис со колегата Kларк. Тие тргувале со житарици, малтер, месо, а Џон позајмил пари од својот татко со ветување дака ќе му ги врати. 1861 За време на Граѓанската војна во Америка, бизнисот на Рокфелер/Кларк рапидно напредувал. Цената на житериците постојано растела па така и нивната заработувачка. Рокфелеровиот стил на работа бил доста прецизен и израчунат, така да тој не се коцкал со работата  бил многу внимателен и одбивал да дава поајмици и аванси.  Факт  е дeка Граѓанската војна им помогнала на фирмата  на Рокферлер и Кларк да го прошират својот бизнис надвор од земјата. 1863 Рокфелер и Кларк во соработка со невниот пијател Ендрјус ја отвараат фирмата Excelsior Oil Works,   и Џон тогаш им помага на своите работници да ги натоварат  бурињата во воз, спремни за извоз.Џон ги засукал рацете и дал се од себе да ја крене компанијата на нозе.Истата година Џон размислувал  за нови начини на унапредување на нивниот бизнис, а тоа најдобро било изводливо преку Atlantic & Great Western   железницата , бидејќе само така можеле да ги извозат нивните прозводи по целата земја.Железницата се протегала од Мидвил, преку Пенсилванија се до државта Њујорк каде што се спојувала со железницата Ери. На тој начин  A&GW  се разгранила се до центарот на нафтениот бизнис- Titusvil i Frenklin. 1864 Рокфелер на 8-ми септември се оженил со Лаура Ц. Спелман.Живееле во изнајмена куќа од цигли, во близина на родителите на Џон. Месец дена поминале во Квибек, Њујорк и Водопадите на Нијагра. 1865 Откако Рокфелер,Кларк и Ендрјус се ожениле дошло до расправии околу долгот на компанијата и дошле до заклучок дека треба да се раскине партнерството. Тоа се случило на денот на заљубените, а компанијата ја дале на аукција- кој ќе понуди повеќе ,него му останува рафинеријата. И нормално, Рокфелер победил и ја преименувал фирмата во Рокфелер/Ендрјус . 1866 Ја добива својата прва ќерка Беси. 1870 Рокфелеровата нафтена компанија станува Standard Oil Co  и станува најпознтото име во светот на бизнисот , а Џон станал претседател на компанијата. Тогаш имал 30 години и контролирал 29 % од корпорацијата. 1874 Го добива неговото последно дете,единствениот син што го имал со Лаура кој исто така бил успешен бизнисмен. 1889 Џон ветил дека ке донира пари во универзитетот  во Чикаго, па така со тек на време донирал 35 милиони долари на овој универзитет ,а подоцна неговиот син оваа сума ја дуплирал. 1901 Рокфелет основа институт за медицински истражувања , и тоа било  негова прва самостална инвестиција во добротворни цели.Кога се ќе се собере, излегува дека тој во овој центар вложил 61 милион долари, и тоа била прва организација во САД која била наменета само за медицински истражувања и токму тамо се докажало дека вирусите можат да предизвикаат рак и дека ДНК ги носи наследните болести. 1911 По налог на Врховниот суд ,фирмата Standard Oil се затвора бидејки тогашниот претседател Вилијам Х Тафт во 1908 се залагал за борба против монополот .Така да на 15 мај судот наложил фирмата да се распадне во рок од 6 месци и таа се расцепила на 36 помали посебни фирми.Тогаш Рокфелер се пензионирал. 1913 Формирана е Рокфелер фондацијата вредна 183 милиони долари која ги финансирала светските кампањи за мир, а најфокусирана била на здравјето, донирајќи пари на медицинските училишта. 1937 Џон Д .Рокфелер умрел на 23 мај и бил најстариот член на фамилијата. Тој умрел после еден месец од неговиот 98 роденден.