19 Декември, 2025
0.0425

Како „Исламска држава” создаде светска мрежа на убијци?

Објавено во: Свет 04 Август, 2016 14:11

Добивај вести на Viber

Нападите во Париз од 13 ноември 2015 година, оние од 22 март во Брисел и други крвави напади во светот се дело на „Емни" - една од најважните алки во тајните служби на „Исламска држава", се вели во истражен материјал, објавен во денешниот број на весникот „Њујорк тајмс".

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров коментира дека „Исламска држава" не се ограничува да врши репресија врз христијаните. Според Лавров, терористичката организација не прави разлика меѓу христијани и шиити, а лидерите на организацијата не може да се дефинираат како „религиозни луѓе", но се решени да создадат калифат од Лисабон до Пакистан.

Во почетокот „Емни" била одговорна за внатрешна безбедност во териториите под контрола на „Исламска држава", вклучувајќи темелна проверка на регрутите во групата и фаќање на потенцијалните шпиони. Но, според разузнавачки податоци на неколку европски држави, оваа служба веќе води и операции зад граница, организирајќи напади и создавајќи терористички ќелии.

Началник на „Емни" е највисокиот сириски агент на „Исламска држава", Абу Мухамед ал Аднан, познат на пошироката јавност како портпарол на групата. Тој одговара не само за пропагандата на „Исламска држава", туку и за да врбува луѓе од сите единици.

„Њујорк тајмс" се повикува на документи од француското, белгиското, германското и австриското разузнавање, како и од стенограмот од испрашувањата на членови на „Исламска држава".

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела