12 Декември, 2024
0.0266

КАКО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА: Економистите не стравуваат за редовните активности, но велат нема ни основа за економски бум

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Новата техничка Влада веќе е дефирнирана и таа треба да ги организира престојните избори, претседателските и парламентарните. Вообичаено изборите го окупираат вниманието на јавноста, но и на партиите, па дури и најголем дел од енергијата на надлежните институции е насочена кон нивно организирање и спроведување.

Политичките партии очекувано, и оние од власта и оние од опозицијата максимално ќе се посветат на освојување политички поени, а оттаму и на изборните резултати. Фокусот на сите ќе биде насочен кон освојување на гласови, а не кон развој и поттик на стопанството. Сосема очекувано е да се намалат активностите за справување со нашите вечни проблеми, сивата економија, корупцијата...  

И минатата година беше слаба на економски план, имајќи предвид дека земјата се соочи со екстремно висока инфлација, со која се уште се справуваме, недостигаа капитални инвестиции, а и понатаму имаме силен одлив на работна сила.

Но, клучното прашање кое сега се поставува, е како изборниот период и самите избори ќе влијаат на домашната економија. Дали ова ќе биде поттик за поголем економски раст, или напротив кочница за домашната економија.

Домашните економисти не стравуваат од изборите, ниту пак на нив гледаат како на особена пречка за развојот. Но, укажуваат дека не може да очекуваме економски бум ниту оваа година, не само поради изборите, туку и поради многубројните проблеми кои со години се таложат.

-  Економскиот раст е квантитативна категорија, односно не го мери квалитетот на она што се произведува, туку само тоа дали се произведува повеќе или помалку во споредба со претходната година. Бидејќи го мери квантитетот, а не квалитетот, секоја дополнителна вонредна активност, како изборите, го зголемува растот. Кога има избори, партиите ги ангажираат своите финансиски средства (за реклами, за организирање митинзи и слично), па тоа се нотира позитивно во мерењето БДП. Ако се ангажираат и јавни пари за да се повлијае врз одлуката на граѓаните за кого ќе гласаат, тоа уште повеќе позитивно влијае на БДП. Се разбира, дубиозно е колку позитивно е сето ова, но затоа проблемот е во несоодветноста на БДП како критериум за успешноста на една економија, бидејќи ја нотира секоја економска активност, без разлика дали е корисна или штетна – објаснува економистот Здравко Савески.

Савески за Фактор исто така објаснува дека иако изборите можат да имаат негативен ефект врз нивото на економска активност, во случај ако создаде политичка несигурност во земјата, па да се создаде мислење кај странските капиталисти (па и домашните) дека е ризично да се инвестира капиталот.

-  Но, колку и да е лоша политичката клима кај нас во моментов, овој ризик по нашиот БДП (и економски раст) е значително помал од ризикот да се намалат инвестициите поради одливот на работници во странство и поради економските, политичките и еколошките турбуленции во светската економија, кои, ако ја доведат неа во криза, ќе ја доведат и нашата економија и нашите луѓе во криза – укажува Савески.

Директорката на Институтот за економски истражувања и политики Благица Петрески посочува дека со оглед на фактот дека станува збор за регуларни избори, не се очекува забавување на економските активности на бизнис заедницата, но посочува дека има „кочница“ кај реализацијата на проекти кои се насочени кон справување со неправилности во економијата во земајва.

-  Доколку зборуваме од аспект на економските активности на приватнот сектор не би очекувала драстични промени, бидејќи бизнис секотрот веќе ги има вкалкулирано изборите во своите активности бидејќи тие се во редовен термин. Може да се направат некои одложување на инвестиции поради неизвесност која е карактеристична за изборните години – вели Петрески.

Сепак, таа додава дека ако се гледа на економските реформи, тогаш можни се поголеми одложувања, бидејќи како што укажа, уште од почеток на годината главен фокус е на тоа што ќе се случува на изборите, што ќе се случува со уставните измени, па економските реформи се оставени во втор план.

-  Дури и економските консултации се изретчени или не се во фокус. Ако на пример ги погледнете остварувањата кај некои клучни економски реформи, како на пример справувањето со сивата економија, стратегијата која била во план да се реализира од 2018 до 2022 година, дизјанирана од оваа влада, ќе видите дека шест од десет активности, не биле ни започнати, а не па да се реализираат. Такви примери има многу, а па да очекуваме дека вакви непопуларни активности ќе се случуваат сега е илузорно, туку тие би можеле да ги очекуваме исклучиво по изборите – заклучува Петрески.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ЈА ГАСИ СВОЈАТА ПОДРУЖНИЦА ЗА РОБО-ТАКСИ: Растот на компанијата го запре сообраќајна несреќа

АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ЈА ГАСИ СВОЈАТА ПОДРУЖНИЦА ЗА РОБО-ТАКСИ: Растот на компанијата го запре сообраќајна несреќа

ZALANDO ГО ПРЕЗЕМА СВОЈОТ КОНКУРЕНТ ABOUT YOU: Импресивна цена на трансакцијата

ZALANDO ГО ПРЕЗЕМА СВОЈОТ КОНКУРЕНТ ABOUT YOU: Импресивна цена на трансакцијата

ВО 2025 ГОДИНА ЌЕ ПИЕМЕ ПОСКАПО КАФЕ: Бразил се соочи со најголемата суша во последните 70 години

ВО 2025 ГОДИНА ЌЕ ПИЕМЕ ПОСКАПО КАФЕ: Бразил се соочи со најголемата суша во последните 70 години

Ќе се слика ли Африм Гаши? Собранието му купи нов фотоапарат за кој потроши 5.660 евра народни пари!

Ќе се слика ли Африм Гаши? Собранието му купи нов фотоапарат за кој потроши 5.660 евра народни пари!

„Божиновска на министерскиот совет на енергетската заедница во Австрија – декарбонизацијата во фокусот“

„Божиновска на министерскиот совет на енергетската заедница во Австрија – декарбонизацијата во фокусот“

СЕ ЧЕШЛААТ МАРКЕТИТЕ И ПРОДАВНИЦИТЕ: Државниот пазарен инспекторат ќе „лови“ непочитување на „Новогодишната кошница“

СЕ ЧЕШЛААТ МАРКЕТИТЕ И ПРОДАВНИЦИТЕ: Државниот пазарен инспекторат ќе „лови“ непочитување на „Новогодишната кошница“

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Поевтинува литиумот, го има повеќе од доволно

Поевтинува литиумот, го има повеќе од доволно

ШЕСТ НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ: ќе се вработат 2.000 граѓани, еве ги деталите

ШЕСТ НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ: ќе се вработат 2.000 граѓани, еве ги деталите