03 Мај, 2024
0.0241

Како изгледа еден просечен милијардер?

Објавено во: Стил 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Бил Гејтс повторно го презеде првото место на листата на најбогати луќе во светот според Блумберг. Тоа место до сега го држеше Мексиканецот Карлос Слим. Кога оваа листа се следи подолг период, се стекнува впечаток дека на неа воглавно се наоѓаат истите луѓе, но се прашуваме како денес изгледа еден просечен милијардер? Според најновиот извештај на швајцарската банка УБС и истражувачкиот институт во Хонг Конг, бројот на милијардери во долари, оваа година достигна рекордно ниво, така што светот во јуни, имаше 2,170 милијардери, или 0,5% повеќе од лани. Според тоа истражување, може да се конструира и просечен милијардер, а тој изгледа вака: - Маж (87 отсто од милијардерите се мажи) - Стопанственик кој поседува приватна компанија (60 отсто од нив имаат self-made бизнис) - Оженети и имаат 2,1 деца (86 отсто живеат во брак) - Просечна популарност - Граѓани се на Њујорк (96 милијардери живеат во овој град) - Поседуваат четири куќи или 78 милиони долари во недвижности - Живеат или во близина на својата фирма или во сосема друга земја (четвртина од нив живеат во непосредна близина на својот бизнис, додека ист процент не живеат во земјата на примарниот бизнис) - Трошат 22 милиони доалри на јахти, 16 милиони на приватни авиони и 14 милиони на уметност