19 Декември, 2025
0.0415

КАКО ИЗГЛЕДААТ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА ВАКЦИНИРАНИ И НЕВАКЦИНИРАНИ ЛИЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД: Доктор објави рентген снимки

Објавено во: Свет 31 Октомври, 2021 11:28

Добивај вести на Viber

Колкаво е значењето на вакцините против корона вирусот, експертите од оваа област со месеци го  објаснуваат. Меѓутоа, д-р Сем Дурани, шеф во Медицинскиот центар Deer Valley, одлучил да користи специфична рентгенска снимка за да им покаже на луѓето како изгледаат белите дробови на луѓе кои не биле вакцинирани и од оние кои ја примиле вакцината против ковид. Разликата е многу очигледна

Докторот ги сподели фотографиите и на својот Твитер профил, а изјавите ги пренесе британски „Сан“.

„Единствените луѓе кои навистина се разболуваат се оние кои не се вакцинирани. Тие се на респиратор или задолжително им е потребна кислородна поддршка, особено пациентите чии бели дробови изгледаат вака како на снимката, потенцира д-р Дурани за британски портал.

Кога станува збор за оние пациенти кои ги примиле потребните дози на вакцини, сликата за нивните бели дробови е далеку појасна и поповолна.

„Снимките од вакцинирани инфицирани пациенти покажуваат поголем проток на воздух, при што поголемиот дел од белите дробови се обоени во црно, што значи дека нема или има исклучително мала штета“, рече докторот.

Спротивно на тоа, сликата на невакцинираната личност покажува дека белите дробови се пренатрупани, што го ограничува протокот на кислород низ телото.

„Ако имате вакциниран пациент кој доаѓа во собата за итни случаи со продорна инфекција, кој може да има отежнато дишење и правиме КТ скен, тие не се ни приближно лоши како невакцинираните пациенти“, додава д-р Сем Дурани.

Вакцините можат да спречат сериозни болести и смрт кај повеќето луѓе, но за жал тие нема да имаат 100% ефект врз сите луѓе. Дел од нив ќе имаат проблеми со бели дробови погодени од Ковид, но на драстично пониско ниво во споредба со оние без никаква заштита од вакцината.

Во Англија, процентот на смртни случаи од Ковид кај оние кои се целосно вакцинирани е исто така еден процент.

„Вакцината работи исклучително добро и го спречува вирусот да напредува во пневмонија или да се инфилтрира во белите дробови. Кога ќе ја добиете дозата вакцина, може малку да се разболите, но на крајот вашето тело го препознава вирусот, го напаѓа и не сте хоспитализирани, и не ве ставам на респиратор. Вакцината е многу ефикасна“, вели д-р Дурани.

Тој, исто така, нагласува дека бројките покажуваат дека четири од десет лица примени во болница со Ковид не се целосно вакцинирани, и станува збор за се помлади пациенти.

Фото: Др. Бретани Банхед-Кендал / скриншот


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела