16 Април, 2024
0.0241

КАКО КЕЈТ И МЕГАН ГО ИЗДРЖАА ДОЛГИОТ ПОГРЕБ НА КРАЛИЦАТА НА ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ - модна експертка открива каков трик користеле

Објавено во: Стил 25 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Тие секогаш избираат да носат штикли во свечени прилики, како што е погребот на кралицата Елизабета Втора и сите други придружни церемонии на кралското семејство.

Но, како на Кејт, принцезата од Велс, и Меган, војвотката од Сасекс, дури им е и удобно во нивните вртоглави чевли?

Според експертот за стил Миранда Холдер, тие секогаш добиваат чевли кои се малку поголеми. Миранда објасни на TikTok, велејќи:

- Изненадувачкиот моден трик што го користат Кејт и Меган за да останат удобни во високи потпетици цел ден. И Кејт и Меган сакаат високи потпетици кои ги издолжуваат нозете за свечени прилики, но како успеваат да им остане удобно цел ден? И двете дами избираат да носат потпетици кои често се половина до еден број поголеми од нивната стандардна големина.

Миранда додаде дека тоа е популарен трик што го користат познатите личности и нивните стилисти, особено пред настаните на црвениот тепих „за да ги избегнат страшните плускавци“.

Луѓето во делот за коментари на видеото на Миранда брзо ја прашаа како да се спреч поголемите штикли да се претворат во апостолки?

- Внатре ставаат силиконски влошки, а понекогаш и селотејп, одговори Миранда.

- Но, кога се обидувам да одам, секогаш паѓам од петицата... па што е решението? - напиша друг.

Миранда одговори:

- Силиконски влошки во чевлите/на хулахопките - и модна лента (двострана) во чевелот, пренесува Блиц Жена.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре