Како ќе живееме во 2114 година?
Објавено во: Стил 17 Март, 2014 12:41
„Ќе живееме во најлошиот сон за една економија, роботите во целост ќе го преземат производството, дури и самото производство на други роботи“, предвидува Роберт Солоу, добитник на Нобеловата награда за економија во 1987 година.
„Интеракцијата лице во лице ќе биде сé помалку потребна како резултат на технолошкиот развој. Реалната физичка блискост ќе биде неопходна само заради сексуалното искуство“, проценува економистот Алвинт Рот од Универзитетот во Стенфорд.
Повеќето економисти веруваат дека ќе биде неопходно да се вложат огромни напори за да се забави глобалното затоплување. Во тој поглед, најпесимистичен е американскиот економист Ангус Дитон, кој смета дека луѓето ќе се соочат со огромни страдања и разурнувања како последица на
климатските промени пред да ја сфатат неопходноста да преземат нешто на тој план.
Одредени економисти, пак, глобалното затоплување го гледаат како можност за отварање на нови пловни патишта преку Арктичкиот Океан или за развој на земјоделство во Сибир.
Шпанскиот економист Андреу Мас-Колел е најоптимистичен во своите предвидувања и смета дека луѓето постепено ќе се навикнуваат и ќе се прилагодат на новите услови на Земјата, како и дека за 100 години ќе успеат во целост да ја елиминираат сиромаштијата во светот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





