Како Косово стана плодно тло за Исламска држава?
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2016
Парите и влијанието од Саудиска Арабија и земјите од Персискиот Залив, кои пристигнуваа на Косово во последните 17 години, го претворија некогаш толерантното муслиманско општество во главен извор на екстремен исламизам и канал за регрутирање џихадисти.
Оваа земја денес има најголем процент граѓани во Европа кои ѝ се придружиле на Исламска држава, пишува Њујорк тајмс. Во последните две години полицијата идентификуваше 314 граѓани на Косово, вклучувајќи двајца бомбаши самоубијци, 44 жени и 28 деца кои заминале и ѝ се придружиле на Исламска држава. Ова статистички е најголем број по глава на жител во Европа.
Весникот пишува дека најновите казни од 10 години затвор, изречени во петокот во суд на Косово на група обвинета за регрутирање борци за ИСИС, е пресврт за земјата која до скоро беше една од нај про-американски ориентираните муслимански општества во светот.