19 Декември, 2025
0.0432

Како Кувајт успеа случајно да го постигне она што средбата во Доха не успеа?

Објавено во: Економија 19 Април, 2016 13:26

Добивај вести на Viber

По неколку месеци подготовка на разговори меѓу производителите во Доха не успеаја да постигнат ништо што дури ќе ги доближува до надминување на глобалниот вишок на нафта. Кувајт сепак успеа сам да го стори тоа само за неколку дена, коментира „Bloomberg“.

Штрајкот на работниците,кој започнал во неделата, го намали производството во земјата од Персискиот залив со 60%, или за 1,7 милиони барели на ден - малку повеќе од вишокот, кој го зафатија светските пазари во првата половина на годината. Овој вишок ја потопи цената на нафтата до 12-годишен минимум во јануари.

„Ако потенцијалниот пад на понудата на сурова нафта од Кувајт се задржи стабилно доволно долго тоа грубо е еквивалентно на тековните проценки за глобалните резерви акумулирани во текот на вториот квартал“, вели Хари Чилингириан, шеф на стратегиите за пазарите на суровини во „BNP Paribas“.

„Се разбира, има едно големо „ако“, кое зависи од времетраењето на штрајкот“, додава тој.

„Kuwait Petroleum“ се обидува да закрепне од операциите во два надземни резервоари за сурова нафта, соопшти државната новинска агенција „Kuwait News Agency“ во понеделникот, цитирајќи го портпарол на нафтената индустрија шеикот Талал ал-Калид ал-Сабах.

Дури и ако дискусиите во Катар на 17 април стигнаа до договор за „замрзнување“ на производството на нафта, нафтените аналитичари не очекуваа влијание врз снабдувањето, бидејќи речиси ниедна од вмешаните страни нема капацитетот или планира да го зајакне производството.

Додека членовите на кувајтската Конфедерација на вработените во нафтените и петрохемиски индустрии, која има 13 000 члена, протестираат против намалувањето на платите и осигурувањата нивната земја од Заливот сигурно не е единствениот фактор на пазарот кој може да го засени влијанието на договорот за замрзнување .

Иран, кој го зголеми принос со 400 000 барели на ден оваа година по завршувањето на меѓународните санкции, изјави дека ќе додаде уште барем 300 000 барели на ден, во обид да го освои назад пазарниот удел, изгубен при ембаргото, покажуваат проценките на Меѓународната агенција за енергетика.

Уште поголеми катаклизми може да дојдат од политичкиот конкурент на Иран - Саудиска Арабија, чиј престолонаследник Мохаммед бин Салман навести овој месец дека кралството може да одговори на зголеменото производство на која и да е земја со зголемување на сопственото.

Најголемиот извозник на сурова нафта во светот може веднаш да ја зајакне добивката со над 1 милион барели на ден, или со околу 10%, и со 2 милиони барели на ден до 6-9 месеци, вели принцот.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?