07 Мај, 2024
0.0260

Како Мајкл Џордан сеуште заработува по 80 милиони долари годишно

Објавено во: Стил 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Вчера Мајкл Џордан наполни 50 години. Шесте негови титули во НБА со Чикаго Булс, неговото влијание врз спортскиот маркетинг и безбројните незаборавни моменти на кошаркарски терен, се само дел од работите по кои луѓето се сеќаваат на него. Крилото на Лос Анџелес Лејкерс Антун Џејмисон неодамна изјави дека, според него, во моментов Џордан се уште би можел да постигнува по над 10 поени на натпревар во НБА. Веројатно може, бидејќи веќе многу пати сме го виделе летачкиот Џордан кој сега има 50 година и има три откажувања од спортот зад себе. Но, што може да се каже за бизнисот на Џордан? Тој оди подобро од кога и да е, пишува Forbes. Мајкл Џордан е заработи 80 милиони долари минатата година од работата со корпоративните партнери Nike, Gatorade, Hanes, Upper Deck, 2K Sports, Presbyterian Healthcare и Five Star Fragrances. Меѓу другите приливи на пари се и шесте ресторани и автосалонот во Северна Каролина, како и 80% удел во тимот од НБА Шарлот Бобкетс. Џордан заработува повеќе од скоро секој од најголемите високоплатените спортисти во светот во последните 10 години, откако одигра последниот натпревар во НБА. Поголемиот дел од приходите на Џордан доаѓаат од брендотJordan, кој е дел од концернот за спортска опрема Nike. Џордан е партнер со Nike, од 1984 година. Неговиот прв петгодишен договор со компанијата беше во вредност до 500 000 долари годишно, плус процент од продажбата. Условите од овој договор на Џордан со Nike се доверливи, но процентот од продажбата му носи по 60 милиони долари годишно.Речиси 30 години подоцна, брендот Jordan Nike се уште е маркетинг ѕвер. Таа е има 58% од пазарот на кошаркарски патики во САД во 2012, според SportsOneSource. Компанијата мајка pak Nike е на второ место со 34% удел, а Adidas (5.5%), Reebok (1.6%) и Under Armour (0,6%) го делат она што е останато од пазарот. Mинатиот викенд Nike го пушти во продажба моделот Air Jordan XX8 а неговото претставување се совпадна со  натпреварот на All Star ѕвездите во НБА. Ова е 28-от модел од маркатаJordan. Нивната цена е 250 долари. Покрај новите модели AirJordan, Nike продолжува да пушта и нови верзии на ретромодели, чија цена се движи меѓу 130 и 150 долари. БрендотJordanсе развива исклучително добро според аналитичарите. Нејзината продажба се зголеми за 25-30% во 2012 година и во моментов изнесува над 1,75 милијарди долари во светски рамки. Само продажбата на патики од оваа марка во САД изнесува 1,25 милијарди долари во 2012 година Состојбата на Мајкл Џордан се проценува на 650 милиони долари благодарение на многуте рекламни договори во текот на годините и добиените 90 милиони долари во форма на плати од Чикаго Булс. Богатството на може да зголеми и благодарение на неговиот 80-процентен удел во Шарлот Бобкетс. Тимот губи по 20 милиони долари годишно, а дел од договорот за сопственост на Џордан вклучува обезбедување на работен капитал за покривање на овие загуби. Сепак, тие ќе се намалат според новиот колективен договор во НБА, спорек кој се пренасочуваат приходите од тимовите со големи приходи на оние со ниски. Бобкетс ќе биде еден од најголемите профитабилни тимови и се очекува да добива по 18 милиони долари уште од следната сезона. Вредноста на Бобкетс се зголемила за 14% до 315 милиони долари, вклучувајќи 150 милиони долари долг, според проценките на Forbes.