КАКО МАКЕДОНСКИТЕ ГРУПИ ГИ ДОБИЛЕ ИМИЊАТА?
Објавено во: Стил 31 Мај, 2018 10:04
Постојано читаме за потеклото на бендовските имиња во светски рамки, но интересни приказни, повеќе или помалку познати, имаат и многу македонски групи. Членовите на еден од најуспешните британски состави во осумдесеттите години на минатиот век, „Дјуран Дјуран“, идејата за името ја добиле од главниот негативец во „Барбарела“, но во култниот филм со Џејн Фонда инспирација пронајде и нашиот музичар Александар Ристовски-Принц. Тој пред неполни три години го основа истоимениот македонски бенд во кој се споија четворица докажани автори и инструменталисти.
Кога се формирал легендарниот македонски состав „Леб и сол“, Влатко Стефановски побарал совет од брат му, драмскиот писател Горан Стефановски. Нему и на останатите членови им било важно името да асоцира на македонската традиција и култура. Горан направил список со десетина имиња што би биле интересни за рок-бенд. Меѓу предлозите се нашло и името „Леб и сирење“.
-Самото име многу кажува за нашата култура, за традицијата, за гостопримството. „Леб и сол“ е израз за добредојде. Во текот на годините, со бавењето со изворната музика и фолклор, името одлично се залепи за групата – изјави во една прилика Стефановски.
Повеќе читајте на Женски магазин, овде.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





