КАКО „МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ“ ПРИЛЕП ОСТВАРИ ПРИХОДИ ОД НАД 30 МИЛИОНИ ЕВРА - добивката е благо намалена за над 5 отсто
Објавено во: Економија 05 Март, 2023 12:15
Резултатите од работењето за минатата година преку берзата ги објави и Мермерен комбинат Прлеп.
Од компанијата известуваат дека Мермерен
Комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 оствариле приходи од продажба во износ од 1.872.249
илјади денари, или нешто над 30 милиони евра, што претставува зголемување
за 0,82 отсто споредено со истиот период од изминатата година.
|
приходи од продажба |
2022 |
2021 |
||
|
- домашен пазар |
6,038 |
0.32% |
9,964 |
0.54% |
|
- странски пазари |
1,866,211 |
99.68% |
1,847,020 |
99.46% |
|
1,872,249 |
1,856,984 |
|||
|
приходи од продажба |
2022 |
2021 |
||
|
- рудник |
1,812,507 |
96.81% |
1,826,726 |
98.37% |
|
- фабрика |
59,742 |
3.19% |
30,258 |
1.63% |
|
1,872,249 |
1,856,984 |
Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 946.420 илјади денари или над 15 милиони евра, споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2021 година, а немалување за 6,4 отсто.
Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 859.626 илјади денари или 14 милиони евра, што наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година е намалување за 5,73 отсто.
Оперативните расходи изнесуваат 951.505 илјади денари и се повисоки за 8.41 отсто во однос на истиот период од минатата година.
Евидентирано е зголемување на трошоците за материјали и суровини за 32.95 отсто, а на расходите за вработени намалување за 5,06 проценти.
Битно е, како што велат од компанијата, дека кредитните задолжувања на Друштвото во 2022 година биле целосно исплатени.
За оваа година се очекува да биде година на позитивни оперативни и финансиски резултати.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




