18 Декември, 2025
0.0406

Како министерот Тевдо го „ослободи“ од ДДВ професорот Тевдовски?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2019 07:10

Добивај вести на Viber

Сега веќе екс министерот за финансии Драган Тевдовски предложи даночно ослободување на приходите кои професорите ги имаат од менторирање на магистратури и докторати. Ако се знае, а се знае дека тоа се солидни лични приходи јасно е дека министерот Тевдовски направил „гранде потег“ за неговата фела, но и за самиот себе – сега актуелен како професорот Тевдовски. За дел од експертската јавност ваквото решение е несеопфатно и не го гради во вистинска насока системот на ДДВ

Министерот Тевдовски предложи, Владата одобри и Собранието прифати ослободување од ДДВ (без право на одбивка на претходен данок за услуги) за сите негови колеги професори на факултетите за приходи кои ги остваруваат како ментори при изработка на магистарски и докторски трудови. Со ова министерот Тевдовски со образложение дека ова е суштинско за научно истражувачката дејност ги ослободи од даночење најголемите приходи на професорите: менторирањето на магистратури нешто што сега е многу „ин“ .

Заради целосно и објективно информирање го пренесуваме во целост образложението на Министерството за финансии потпишано од Тевдовски:

„Исто така во членот 23 од ЗДДВ се предлагаат две нови точки 17-а) и 17-б). Имено, со точка 17-а) се предлага даночно ослободување без право на одбивка на претходен данок за услуги кои се вршат кон високообразовните установи со цел да се обезбедат услови за стекнување способности и вештини за вршење научно истражувачка дејност, вклучувајќи и менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови.

Со цел да се стимулира развојот на научната дејност со член 23 од ЗДДВ, точка 17-б) се предлага даночно ослободувањето без право на одбивка на претходен данок да се однесува и за услуги кои се резултат на научно-истражувачка дејност согласно закон со кој се регулира научно истражувачката дејност.“

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавност побара став од даночниот експерт Павле Гацов за темата и подолу во целост го пренесуваме неговиот одговор:

„ Споменатата предлог измена на Законот за ДДВ е во насока на создавање на посебен даночен третман за лицата кои вршат промет на услуги кон високообразовните установи заради обезбедување услови за стекнување способности и вештини за вршење научно истражувачка дејност, вклучувајќи и менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови.

Со оглед на широката дефинираност, произлегува дека СИТЕ услуги направени за факултетите а заради обезбедување на било какви услови (категоријата „услови“ не е дефинрана) за стекнување способности и вештини за вршење научно истражувачка дејност ќе бидат ослободени од ДДВ (без право на одбивка на влезниот ДДВ). 

Посебно е нагласено дека ова ослободување се однесува на услугите на менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови. Вакви услуги пружаат професори кои се ментори на кандидатите што се на магистерски, односно докторски студии и се подготвуваат за стекнување на статус магистер, односно доктор на науки.

Предложената законска одредба ќе овозможи во броењето на оданочивиот промет на професорите ментори да не се вклучува прометот остварен од менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови, односно тие по овој основ (наплата на својот дел, согласно со интерните правилници за менторирањето)  да не мора да се регистрираат за ДДВ обврзници, без оглед на годишниот износ на оданочив промет што ќе го остварат од кандидатите идни магистри, односно доктори на науки, се разбира, преку факултетите, како организатори на овој процес. 

Ваквото решение е несеопфатно и не го гради во вистинска насока системот на ДДВ, напротивпотенцира Гацов во својот одговор до „Фактор“.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа