Како Министерството за одбрана го доби најголемиот досега виден попуст за набавка на струја? Провизијата е само 3,9 отсто!
Објавено во: Економија 11 Јуни, 2024 09:49
„Фактор“ како редовен и реноминар хроничар на состојбите на македонскиот пазар на електрична енергија не може, а да не го подвлече, овој општествено-одговорен чекор на голема компанија за снабдување со струја. Во конкуренција на четири снабдувачи на тендерот РЕС од Скопје ја спушти провизијата од почетните 16 отсто на 3,9 отсто, колку што Министерството за одбрана ќе плати за секој потрошен киловатчас. Значи за промет од 3,24 милиони евра РЕС ќе наплати провизија што е помала од 110.000 евра. Се разбира, како и кај сите тендери досега, цената за киловат се наплаќа по цената на унгарската берза ХУПЕКС
Министерството за одбрана ќе плати до 3,24 милиони евра за струја за своите осум касарни ширум земјава, за период од една година. Но тоа во овој случај и не е најважната вест! Од досегашното следење на тендерите за снабдување со струја на државни институции произлегува дека токму од овој тендер Министерството за одбрана е државен орган кој ќе плати најниска провизија на компанијата снабдува за набавка на електрична енергија. И овој податок вреди за период од три години наназад односно пост-корона периодот. А во него имавме набваки во кои компаниите снабдувачи знаеја да наплатат и до 30 отсто провизија на сумата која институцијата ќе ја плати за електрична енергија. А електричната енергија секогаш и без исклучок се наплаќа по цени кои струјата ги постигнува на берзата за електрична енергија ХУПЕКС во Унгарија.
Потврда на горниот пасус има на следниот линк каде се достапни податоците за провизиите за продажба на струја за буџетски корисници https://time.mk/javni/?naracatel=&firma=&start_datum=12%2F03%2F2024&end_datum=10%2F06%2F2024&opis=%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0+%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0&group_by=
Снабдувач на Министерството за одбрана во периодот до 1 јули 2025 година ќе биде скопската компанија „Рењувабал Енерџи Суплај“ (РЕС). На тендерот на Министерството за одбрана оваа фирма за снабдување во конкуренција на вкупно 4 компании ја дала најниската провизија и го добила тендерот. Нивниот надоместок односно провизијата изнесува само 3,93 отсто од вредноста на електричната енергија која министерството ја потрошило, а ја плаќа по цени за тој месец на унгарската берза ХУПЕКС.
Според официјалните достапни податоци на https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/a5480766-b810-4cc9-834f-23319d559ff4 почетната односно највисоката провизија на тендерот била 16 отсто, но по меѓусебното наддавање провизијата се спуштила до 3,93 отсто, а РЕС го добил тендерот вреден 3,24 милиони евра.
Вредно е да се истакне дека на овој тендер воопшто не учествувала државната трговска компанија за струја ЕСМ Продажба која е фирма ќерка на државниот производител на струја ЕСМ. Во последните три години имало примери во кои токму ЕСМ Продажба знаела да даде најниска провизија на тендер за снабдување на државни институции. Но во овој случај тие дури не ни конкурирале да го добијат тендерот.
Инаку од договорот за купопродажба се гледа дека РЕС зема обврска да снабдува вкупно 43 точки на напојување (објекти потрошувачи н.з.) во скопската касарна „Илинден“, но и во касарните во Куманово, Штип, Тетово, Кичево, Тетово, Прилеп, Велес и воениот полигон Криволак.
РЕС е голема компанија снабдувач со струја која во своето портфолио има речиси 200 прани лица кои ги снабдува со електрична енергија. Минатата година оваа компанија направила приход од безмалку 100 милиони евра,а остварила добивка поголема од 4 милиони евра. На крај на 2023 година фирмата вработувала 12 лица. Поранешен ко-сопственик и основач на РЕС е познатиот македонски стопанственик Кочо Анѓушев, кој во јавноста е познат и како основач и поранешен сопственик на ЕДС уште една голема фирма за снабдување со електрична енергија.
РЕС е во целосна сопственост на бугарската компанија „Кертоки Пауер“ со седиште во Софија.
Р.Ф.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




