20 Декември, 2025
0.1125

Како нагази „Халк банка“?

Објавено во: Економија 04 Март, 2020 07:05

Добивај вести на Viber

Најмладата банка во големата петорка македонски деловни банки лани успеала да оствари најголем раст на кредитното порфолио и најголем раст на активата во големата конкуренција, но и воопшто на македонскиот пазар

„Халк банка“ најбрзо го зголемува своето пазарно учество на кредитниот пазар во земјава во конкуренција на најголемите пет банки, покажуваат официјалните статистички податоци за банкарскиот пазар во земјава.

Во конкуренција на гигантите „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка“ и конкурентот „Охридска банка“ „Халк банка“ оствари убедливо највисок раст на кредитното портфолио. Тоа на крајот на 2019 година достигна 619,85 милиони евра и е за 12 отсто повисоко од претходната година. Во апсолутен износ кредитното портфолио на „Халкбанка“ порасна за 66,5 милиони евра во период од крајот на 2018 година до крајот на 2019 година и тоа е најголем раст на износ на кредитирање во конкуренција на 15 банки на македонскиот пазар.

Освен во кредитирањето во конкуренцијата на најголемите банки „Халкбанка“ има најголем раст на активата. Податоците покажуваат дека во период од една година активата на оваа банка пораснала за 166 милиони евра и таа изнесува 933,5 милиони евра на крајот на минатата година.

Ранг листа според раст на кредитни пласмани во 2019 година

Ранг листа според големина и раст на актива на големите 5 банки (во милиони евра)


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба